Венецуела: САД и Канада го признаа лидерот на опозицијата за привремен претседател
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Политичката криза во Венецуела вчера замина во нов правец откако неколку светски лидери, меѓу кои и Трамп, го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како нов претседател на Венецуела.

Guaido-AP_19023672074432-1140x684

„Ние не ви велиме да направите државен удар, не ви велиме да пукате. Напротив ви велиме да не не’ пукате,  да застанеме заедно во одбрана на правата на нашиот народ“, изјави Гуаидо вчера.

Тој се појави пред демонстрантите држејќи во рака мал примерок од уставот на Венецуела на кој предната страна е со слика од Симон Боливар, венецуелијанскиот воен лидер кој во 19 век ги ослободил Андите од шпанската инквизиција. Боливар се смета за национален херој, па така во 1999 кога Чавез доаѓа на власт ја преименува Република Венецуела во Боливарска Република Венецуела. Неговиот пример го следи и Мадуро по него, а сега и Гуаидо.

Венецуела е еден од најголемите производители на нафта, а е распарчена со хиперинфлација, недостиг на храна и интензивен криминал од 2013 година откако на власт дојде Николас Мадуро по смртта на Хуго Чавез. Неговата влада ја обвинува САД и останатите нејзини сојузници дека покренале „економска војна“ против Венецуела, со тоа обвинувајќи ги нив за поголемиот дел од проблемите со кои се соочува земјата.

„Граѓаните на Венецуела предолго страдаат во рацете на нелегитимниот режим на Мадуро“, објави Трамп на твитер.

Кратко потоа Канада, Бразил, Чиле, Аргентина, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај и Коста Рика изјавија дека го прифаќаат Гуаидо, иако лево насочената влада на Мексико кажа дека засега нема да има промени во нивната политика, а претседателот на Боливија, Ево Моралес, го осуди овој потег како империјалистички напад на правото на демократија и самоопределување на една Јужно Американска држава.

Канада има силна позиција кон Венецуела и ја поддржува опозицијата уште од првиот ден кога започнаа протестите. Веќе ги има замрзнато банкарските сметки на високи венецуелски офицери. Семејството на еден од високите воени офицери на Венецуела, за кого Мадуро смета дека  е нелојален, живее во Канада.

„Канада го признава Хаун Гуаидо, претседател на националното собрание, за приверемен претседател на Венецуела.  Ги поддржуваме граѓаните на Венецуела + нивната желба да ја вратат уставната демократија“, стои во твитот на официјална Канада.

„Бразил политички и економски ќе ја поддржи транзицијата на процесот до таму да демократијата и социјалниот мир повторно се вратат во Венецуела“, на твитер објави претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро.

Со неколку експерти тврдејќи дека по ова Мадуро мирно ќе се повлече, некои не се толку сигурни во истото.  Скоро по објавите на твитер, Мадуро се појави на „народниот балкон“ од претседателската палата и објави дека ќе ги прекине сите дипломатски односи со САД одредувајќи  72 часови време во кое дипломатскиот персонал на САД треба да ја напушти државата.

Тој изјави дека на пат е обид за пуч од „гринговската империја“ и ги предупреди поддржувачите, а особено војската, да го спречат по секоја цена.

maduro-wanted-picture (1) 1533697726_127591_1533700610_noticia_fotograma

„Ние го браниме самото право на постоење на нашата Боливарска Република Венецуела. Тие сакаат да не управуваат од Вашингтон. Дали навистина сакате куклена влада контролирана од Вашингтон?“ , изјави Мадуро и ги обвини непријателите дека се обидуваат да ги украдат нафтата, гасот и златото на Венецуела.

Што ќе се случи следно? Експертите мислат дека Мадуро нема да се повлече толку лесно и дека е можно да го нарача апсењето на Гуаидо и останатите „соучесници“. Тој може и да интервенира воено дома за да ги заплаши жителите ако деновиве опозицијата собере многу истомисленици. Санкции на нафтата се најверојатниот прв чекор кој САД ќе го превземе ако не постои мирен начин на промена на власта.

„Не ги ни чепнавме со санкции. Сега сè е на маса“, велат од САД.

Обединетите Нации сметаат дека воена интервенција премногу ќе ја загрози веќе постоечката хуманитарна имиграциона криза- најголема во скорешната историја на Латинска Америка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×