Вербата во сопствените идеи е универзален елемент за успешност
Објавено на од во Интервју
Искра Ветаџокоска-Муцунска, менаџер и косопственик на Виталија

Управувањето е во природата на жената. Таа го носи тоа во себе. Редовната пракса на мултитаскинг и помагаат на жената лесно да го прошири својот хоризинт и да се потврди успешна и надвор од семејниот дом. Способноста на жената да го менаџира домот, децата и работата истовремено со сите предизвици кои ги носи, ја прават уште по фокусирана, по прецизна и ориентирана кон успех. Токму затоа верувам дека жената доколку е одлучна може да успее во се, вели Ветаџокоска –Муџунска во специјалното интервју за Капитал на тема успешноста на жените во бизнисот и предизвиците со кои се справуваат жените кои имаат менаџерски позиции во Македонија

1. Почитувана г-ѓа Ветаџокоска-Муцунска, вие сте менаџер и косопственик на Виталија, компанија која е своевиден бренд и лидер во областа на здравата храна. Што значи да се биде жена, која е на чело на еден вака успешен и докажан бизнис?
Живеј ги вредностите на брендот кој го застапуваш. Тоа е мојот принцип. Во моето живеење и работење ги интегрирам вредностите поради кои Виталиа е успешна и прифатена – лидерство, интегритет, страст и квалитет. Ние предничиме со храброста и определеноста да создадеме подобра и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат, автентични сме, посветени сме со срцето и умот и секако она што го работиме го работиме за доброто на нашите консументи.

2. Убавата линија и водењето на здрав живот на почетокот беше „жешка“ тема најмногу меѓу жените, но денес водењето сметка за здравјето и изгледот е подедакво важна и за мажите. Вие нудите широка палета на производи кои го прават секојдневнието, на секој оној кој се грижи за себе, уште полесно. Што ново можеме да очекуваме од Виталија?
Без иновација нема развој, а стагнација значи пропаѓање. Нашето портфолио се состои од преку 300 здрави производи кои опфаќаат 15 категории, што не прави лидер во производството на здрава храна во регионот. Секоја година лансираме минимум 15 нови оригинални производи кои ги следат најновите трендови во здравата храна со што успешно ја одржуваме нашата конкурентна предност – Иновативноста. Од првична идеја, до конечен производ во Виталиа внимаваме на секој детал, на квалитетот на состојките, на оригиналноста на рецепуртата, на бенефитите, на вкусот, на дизајнот на пакувањето, на достапноста…бидејќи тие ја прават вистинската целина. Така на почетокот на оваа година ги лансираме атрактивните Take away мусли во чаша, кои со својата практичност и атрактивно пакување се вистински хит на пазарот. Позитивно изненадување приредивме и со лансирање на првата здрава бонбониера Vitalia Finest dessert selection, уникатен десерт составен од слатки житни коцки збогатени со јаткасти, суви овошја и природни засладувачи. Тоа е уште една потврда за нашето лидерство и врвен перформанс во она што го работиме.

3. Колку Македонците водат сметка за здрав живот и консумирање на здрава храна? Кои се вашите совети за нив?
Фактот што продуктите на Виталиа се редовно присутни на дневното мени на Македонскиот потрошувач е доказ за тоа. Изминатите 22 години целосно се вложивме да ја реализираме нашата мисија со здрава храна да создадеме здрави генерации. Денес се поголем е бројот на оние кои се одлучуваат да практикуваат здрави навики во исхраната. Перцепцијата се менува, посебно кај младите кои преку интернет ги следат новитетите во нутриционизмот,а Виталиа овозможува тие новитети да им бидат достапни. Благодарение на Виталиа здравата храна денес не е привилeгија туку реализација на вашите желби да направите нешто добро за себе и своето семејство.
Моето убедување е дека тајната на долговечноста е во воспоставување на здрав баланс во секој сегмент од животот, пред се во исхраната. Токму во таа насока е мојот совет кон читателите. Умно е да се биде умерен, да се одбира здравата алтернатива. Одлучете се за житни продукти, заменете го белиот шеќер со кафеав или малтекс, зачинете со нерафинирано масло. Нема да се лишите од ништо, напротив ке добиете повеќе вкус и додадена вредност на она што го јадете.

618-Vitalija naslovna

4. Виталија е водечка компанија со препознатливи производи не само во Македонија , туку се повеќе сте присутни и во регионот, но и пошироко- на Блискиот Исток. Која е тајната на вашиот успех?
Секој пазар има своја специфика, а да ги задоволите специфичните барања на клиентите и успешно да го позиционирате брендот на странскиот пазар е навистина голем предизвик. Со освојување на секој нов пазар ние сме побогати за едно искуство, нашиот тим ја зацврстува самодовербата и чувството дека сме глобални играчи. А тоа е круцијално за успех и понатамошен развој на компанијата. Нашиот став е да се прифати предизвикот, да се каже ДА и на она што е навидум невозможно, да не се одбие клиентот, секогаш да се најде начин да се задоволат неговите барања. Тоа е нашата снага, тоа е она што не одвојува од конкуренцијата, што не прави едни единствени. Како резултат на нашиот севкупен врвен перформанс, брендот Виталиа е присутен во најпознатите светски трговски синџири како Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa, Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM. Покажавме дека здравата храна под брендот Vitalia made in Macedonia е рамноправен конкурент на светски познатите брендови од оваа област. Нашето редовно присувство на светските саеми ја потрвдува определбата да се успее, а Виталиа е бренд со цврста позиција на мапата на регионални – европски производители на здрава храна со кредибилитет во својата област. Денес брендот Виталиа се извезува во повеќе од 35 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели…

5. На пазарот сте присутни веќе 22 години. Факт е дека постојано растете како компанија и ги множите успесите како дома така и надвор. Кое е мотото што ве води низ работата и ви помага да бидете успешни?
Изминативе две децении покажавме дека не сме насочени кон брза заработка, туку кон создавање нешто што ќе остане како вредност на следните генерации. И успеавме во тоа. Македонскиот потрошувач интензивно го менува своето размислување на тема здрава исхрана во позитивна насока, а Виталиа е неговиот доверлив партнер. Во се’ што работиме има огромна емоција и решителност да се развие силен бренд, да се креира врвен производ, да се биде интернационално успешен. Нашите потрошувачи се идентификуваат со брендот, веруваат во она што го работи Виталиа и ја прифатија нашата мисија како своја.

6. Дали тоа што сте жена ви помага или одмага во водењето на бизнисот? Се соочувате ли со стереотипите дека мажите се подобри менаџери од жените и како се справувате со нив?
Делата и успесите кои што ги постигнувам како на професионален, така и на приватен план се доволен доказ и потврда дека на лидерската позиција може да биде и жена со јасна визија и ставови. Во европски рамки, а и кај нас, жените менаџери се сеуште во помал број од мажите, но тој тренд полека, но сигурно се менува. Во Виталиа 70% од вработените се жени и токму ваквиот состав има придонес во успешноста на компанијата. Ако ги поседувате основните карактеристики на успешен менаџер упорност, посветеност, констриктивност, лидерство и ако кон тоа се додаде женската интуитивност и решителност не останува простор за предрасуди маж-жена.

7. Како ги менаџирате обврските меѓу работата и семејството?
Независно што сте, менаџер, мајка или сопруга, пред се е важен личниот однос кон работата, страста, стилот и начинот на справување со предизвиците. Визијата, вербата во сопствените идеи се универзален елемент за успешност. Управувањето е во природата на жената. Таа го носи тоа во себе. Редовната пракса на мултитаскинг и помагаат на жената лесно да го прошири својот хоризинт и да се потврди успешна и надвор од семејниот дом. Способноста на жената да го менаџира домот, децата и работата истовремено со сите предизвици кои ги носи, ја прават уште по фокусирана, по прецизна и ориентирана кон успех. Токму затоа верувам дека жената доколку е одлучна може да успее во се. А, во таа динамика и борба за успех секако е важна поддршката и разбирањето од најблиските. Тимската работа и тука е клуч на успехот.

8. Како го искористувате слободното време? Што е она што најмногу ве исполнува?
За постигнување на хармонија покрај правилна здрава исхрана неопходно е и одржувањето на добра физичка кондиција што го постигнувам со редовно вежбање аеробик и пилатес. Дружењето со колегите во неформална атмосфера е нешто што ме опушта после интензивниот работен ден. Сепак, најдрагоцено ми е времето поминато со моето семејство. Го користам секој миг за заедничко дружење и зајакнување на нашата емоционална врска. Моите деца се мојот мотив да се успее и мојот неисцрпен извор на енергија кој ме носи напред во нови предизвици.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×