ВЕРО слави 20 години во Македонија: Годинава ќе се отворат три нови големи супермаркети
Објавено на од во Компании
Веро

Со специјални и најконкурентни ценовни понуди на производи и голем број наградни изненадувања за лојалните потрошувачи, компанијата “Веро” месецов ќе го одбележи големиот јубилеј – 20 години работење на македонскиот пазар.
Николаос Веропулос, претседател на компанијата „Веропулос“ најави дека компанијата до крајот на годинава планира да отвори уште еден Веро маркет во Скопје и нова продавница „Џамбо“ во Битола. Со тоа 2017 година ќе ја заокружи со отворање на три нови продажни локали, откако пред неколку месеци отвори нов супермаркет во Тетово. Во првата половина на 2018 година планирано е отворање на уште еден маркет во Скопје, како и реновирање на еден од постојните маркети во кој ќе понуди комплетно ново шопинг искуство.
“„Веро“ е тука за да остане. Во изминатите 20 години се фокусиравме на главните приоритети за професионална услуга, голем избор на најквалитетни свежи производи и ексклузивни понуди креирани според потребите на потрошувачите. Следејќи ги нивните потреби и сугестии, настојуваме да креираме ценовна политика со секојдневна конкурентна понуда со која пазарувањето на потрошувачите им станува вистинско уживање. Тоа е нашата награда и грижа кон нив. Со оваа практика ќе продолжиме и во следниот период бидејќи конзистентноста во овој поглед е единствениот рецепт за успех”, изјави Веропулос.
Бројните промотивни и забавни активности ќе се одвиваат во периодот од 8 септември до 8 октомври. Менаџментот на „Веро“ прославата на јубилејот ја посветува на своите лојални потрошувачи кои во голема мера се заслужни за успешното работење на компанијата во изминатите 20 години.

Брендот „Веро“, кој се профилираше преку отворањето на првиот модерен супермаркет во скопската населба Аеродром, денес по две децении е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало кој континуирано остварува позитивни финансиски резултати. Мрежата на „Веро“ денес опфаќа 12 маркети во три градови во Македонија. Од нив, 11 се Веро маркети – седум во Скопје и по два во Битола и во Тетово, како и една самостојна продавница „Џамбо“ која функционира во рамките на Веро центар во Скопје. По еден од маркетите во Битола и во Тетово функционира заедно со продавница „Џамбо“. Комбинацијата на двата бренда, „Веро“ и „Џамбо“ внесе нов концепт во пазарувањето во земјава, при што на едно место може да се најдат сите производи кои во целост ги задоволуваат потребите на семејството.

Успешноста во работењето на „Веро“ ја потврдуваат и бројките. Според менаџментот на Веро, добивката во 2016 година е зголемена за 13,87 отсто споредено со 2015, додека продажбата годинава бележи тренд на раст од 8 отсто во однос на лани. Посетеноста на маркетите оваа година бележи позитивен тренд на зголемување од 8 отсто.

Менаџментот на компанијата смета дека во изминатите две децении го пронашол идеалниот рецепт за успех преку секојдневно настојување на конзистентност во работењето.
„Веро“ интензивно соработува со повеќе од 800 домашни производители, чии брендови и производи сочинуваат околу 90 отсто од асортиманот во маркетите на оваа компанија. Преку градењето партнерски однос со локалните производители, но и со вработувањето на повеќе од 1.000 лица од локалното население, компанијата го поттикнува домашното производство и му го обезбедува неопходниот стимул за развој. Големата понуда на производи со врвен квалитет, меѓу кои има и специфични, ексклузивни производи од увоз, како и со постојаната грижа за потрошувачите, „Веро“ успева да ги задоволи потребите на повеќе од 25.000 купувачи дневно.

Компанијата се шири и во соседна Србија, каде во моментов има 7 продавници. Вкупниот промет во Македонија и во Србија за 2016 година изнесува 109 милиони евра од 12,8 милиони трансакции, односно купувачи. Синџирот Веро во двете земји има 1.400 вработени и имот вреден повеќе од 100 милиони евра. Најголем промет остварува маркетот Веро во скопската населба Тафталиџе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×