Вес Мичел утре во Скопје, в четврток во Атина
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поддршка од САД за евроатланските аспирации на Македонија, за преговорите кои земјата ги води со Грција за спорот околу името, но и апел до македонската Влада за спроведување на реформите за зајакнување на демократијата, владеењето на правото и слободата на медиумите, ќе пренесе американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, кој утре доаѓа во Скопје.

Мичел во Скопје, како што веќе објави МИА, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

За спорот за името се очекува да се разговара и на средбите што американскиот помошник државен секретар на 15 март во Атина ќе ги има со претставници на Владата на Грција. Според најавата од Стејт департментот, Мичел со грчките власти ќе разговара и за продлабочување на односите меѓу САД и Грција, зајакнување на билатералата соработка, особено во областите на одбраната, енергетиката, трговијата и инвестициите.

Мичел од денеска ја почнува својата турнеја по земјите од Балканот, која ќе трае до 17 март. Тој денеска пристигнува во Приштина, утре е во Скопје, а потоа ќе ги посети Белград, Атина и Никозија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×