Весли Кларк ќе гради електрана на Косово
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Пезнионираниот генерал кој командуваше со НАТО силите во периодот кога беше бомбардирана Србија, Весли Кларк, наскоро би можел да добие дозвола за изградба на термоелектрана на Косово, пишуваат Вечерње новости. Електраната, како што пишува весникот, би работела експлоатација на јаглен, односно, производство на синтетичка нафта и гас.

Компанијата на Кларк, Envidity Energy Inc., ја почнала процедурата за реализација на инвестицијата вредна околу 500 милиони евра, а на седница на Владата на Косово од 25 август барањето е одобрено. Се чека уште одлуката на Владата да ја потврди Собранието на Косово.

Барање за дозвола за реализација на овој проект Envidity поднела во 2012 година.

Пред неколку месеци, претставници на Комисијата за економски развој на Собранието на Косово, соопштија дека Envidity побарала дозвола за експлоатација на јаглен, нудејќи ѝ притоа на Владата на Косово 30% од својот профит. Планирано е компанијата да вработи најмалку илјада луѓе само во делот на производството.

Покрај Весли Кларк, и поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт, што официјално, што не, како што пишуваат Новости, работи на Косово преку компанијата во која е сопственик, ACM (Albright Capital Management), a еден период беше заинтересирана и за купување на Пошта и телекомуникации на Косово (PTK), но се откажа од купувањето под притисок на јавноста.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×