Ветаџоковски: Ако кризата потрае, фирмите ќе се соочат со пад на продажбите дома и во странство!
Објавено на од во Uncategorized

Никола Ветаџокоски, претседател на борд и основач на Виталиа смета дека доколку оваа состојба потрае може да се очекува влошување на условите за работење и соочување со значаен пад на продажбата во земјата и уште повеќе во странство.

“Лошите информации за политичката и безбедносна состојба во земјата веќе кружат во светот, а со тоа се донесува во прашање сигурноста на испораките. Сигурно е дека нашите купувачи веќе бараат алтернативни решенија за своите набавки. Бидејќи работиме во секторот прехрана оваа криза ќе ја почувствуваме последни. Но, останатиот дел од стопанството очекувам кризата да ја почувствува многу побргу”, вели Ветаџоковски.

Тој порачува дека е потребно е брзо надминување на кризата со испорачување итни конкретни договори за стабилизирање и со истите да се запознае Европа и светот.
“Потребно е итно прекинување со непродуктивните трошења и пренамена на тие средства за евентуална помош на најзагрозените делови од стопанството”, смета Ветаџоковски.

Во Виталија засега немаат најави за откажување на договори, но ги загрижува можноста од превентивно делување на странските партнери преку кратење на нарачките.
Ветаџоковски вели дека засега не чувствуваат застој во плаќањата помеѓу домашните деловни субјекти, ниту застој на девизните приливи од странство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×