Видео: Анѓушев на Бизнис форумот: Се отвора целосно поле за економска соработка помеѓу двете земји во кое компаниите ќе можат полесно да соработуваат и да реализираат нови инвестиции
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Вицепремиерот задолжен за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев и вицепремиерот и министер за економија и развој во грчката Влада, Јанис Драгасакис, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете земји, со кој се формира заедничкиот Комитет за економски прашања под водство на Вицепремиерите за економски прашања од двете земји

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со неговиот колега во грчката влада, Јанис Драгасакис имаа свои обраќања, во хотелот „Александар Палас“ на заеднички Бизнис форум на кој присуствуваа повеќе од 400 стопанственици и компании. По завршување на официјалниот дел од Бизнис форумот се одржаа бројни Б2Б средби помеѓу присутните компании.
„Многу е важно да видиме кои се перспективите, а тие се многубројни. Нашата државата е упатена да соработува со Грција пред се заради пристапот на море. Немаме ние поблизок пристап на море од Солунското пристаниште и затоа многу е важно да имаме пристап таму и инфраструктурно поврзување со Република Грција. Она што сакам да го потенцирам е дека во Република Северна Македонија се добредојдени сите инвеститорите од Грција. Ние имаме можности кои преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во кој има цела една лепеза на можности за инвестирање како за домашни така и на странски  компании“, нагласи вицепремиерот Анѓушев и соопшти дека денеска во рамки на остварените средби се разговарало и за намалување на административните бариери за да се намали времето на чекање на границите  за граѓаните и компаниите.
„Во делот на обновливите извори за електрична енергија отворивме повеќе простор за нови инвестиции со носење на новиот Закон за енергетика и сакам да ве информирам дека првиот тендер за фотоволтаици во нашата држава од 62 мегавати ќе биде објавен до крајот на овој месец. Ќе ми биде задоволство да видам и грчки и македонски компании, а исто така да видиме и joint venture компании од двете наши држави. Тоа е многу важно на тој начин да се поттикне соработката, компании од нашите држави да соработуваа не само во нашата земја туку и на странски пазари. Сакам да ве поканам сите вас да инвестирате во Република Северна Македонија, да соработувате со нашите компании, а Владата ќе ви биде партнер и ќе ги олеснува тие процеси, затоа што функцијата на владата е да створи амбиент за тоа и ние мислам дека го создаваме најдобриот можен амбиент“, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на заедничкиот Бизнис форум којшто се одржува во рамки на официјалната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас и владина делегација на нашата земја Република Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×