Видео: Дали се роботите работниците на иднината?
Објавено на од во hi-tech & business
Овој робот е градежниот работник на иднината.

Најдоцна до 2025 година роботите ќе извршуваат 52 % од постоечките работи, што е речиси двојно повeќе од денеска, покажува истражувањето на Светскиот економски форум (СЕФ).
Роботите брзо ќе ги заменат луѓето во сметководството, управувањето со клиентите и во индустрискиот, поштенскиот сектор и секретарскиот персонал. Паралелно би требало да се зголеми побарувачката за работни места кои бараат “човечки вештини”, како што се продажбата, маркетингот и односите со клиентите, како и електронската трговија и социјалните медиуми.
Според истражувањето од Евростат, во текот на 2018 година, 7% од компаниите во ЕУ со минимум 10 вработени користеле индустриски или услужни роботи. Една четвртина од големите компании со минимум и повеќе од 250 вработени исто така ги користеле роботите во својата работа. Тоа го правеле и 12% од средните компании кои имаат од 50 до 249 вработени, а само 5% од од малите компании, кои имаат од 10 до 49 вработени, го правеле истото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×