(Видео)Мукаетов за N1: Не’ кочи бирократијата на границите, тоа мора да го решиме
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

За време на штотуку одржаниот Самит 100 во Белград, директорот и претседател на УО на Алкалоид – Скопје, Живко Мукаетов, даде интервју за регионалната телевизија N1, испостава на CNN на Балканот. 

 

Директорот на скопски Алкалоид, Живко Мукаетов, за регионалната телевизија N1 изјави дека секоја земја на Балканот има некоја своја филозофија и начин на којшто ги поставила законите, и дека затоа треба да се работи на хармонизација на законодавствата.

За време на штотуку одржаниот Самит 100 во Белград, Мукаетов наведе дека таксите и даноците се различни во блиски земји и додаде дека секоја држава, иако е членка на ЦЕФТА, се обидува да го заштити своето производство, што е според него, контрапродуктивно, затоа што компаниите треба да се борат на слободниот пазар.

“Има некои сегменти што се хармонизирани, но има и такви кои не се и на тоа треба да се работи. Застоите на границите се контрапродуктивни, мешаниците што се создаваат, купот документи, средствата што ги трошат компаниите и сето останато врзано со бирократијата“, вели Мукаетов.

Затоа, смета, мора да се надмине суетата и да се најде начин да биде подобро за сите страни, затоа што  ние сме мали како пазари.

“Балканска унија е едно од решенијата, но треба да се види во која форма, како, зошто, треба прво да се врати довербата меѓу државите. ЦЕФТА е еден вид балкански пазар, а не функционира во многу сегменти, имаме примери кога земјите заглавуваат на некој производ, тоа трае со месеци, и довербата е намалена. “

На прашањето како ја гледа улогата на политичарите во сферата на бизнисот, Мукаетов вели дека има такви што сакаат да бидат во спрега со бизнисот и да помогнат економијата да расте, но има и политичари што се нерационални.

“На еден панел од Самитот имаше добар заклучок, дека бизнисмените мора да бидат погласни, а политичарите некако поинаку да ги прифаќаат сугестиите, а не да остане сето на конференции. Некои работи одат на подобро, Македонија и Србија потпишаа договор да има една контрола на границата, да се признае дел од документите, но факт е дека може да биде и многу подобро“, истакна директорот и претседател на УО на Алкалоид.

Еден од основните проблеми за регионот е и заминувањето на младите, коешто станува се’ помасовно.

“Една работа е стандардот и основната плата, но тоа повеќе не е доволно, имаме генерација на миленијалци коишто сакаат да работат на место со добри услови, еден поинаков културолошки однос. Сакаат додатна едукација во континуитет. Многу полесно нашите млади квалификувани луѓе може да добијат работа во ЕУ. Мораме да се бориме за нив, ако не се освестиме на време ќе биде се’ полошо“, заклучи Мукаетов.

Целото интервју може да го погледнете на видеото подолу:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×