Видео порака на пивско шише
Објавено на од во hi-tech & business

Новата етикета на аргентинското пиво Andes кажува многу повеќе од податоците што вообичаено стојат на пивските етикети, а со тоа, и многу повеќе за брендот Andes. Имено, компанијата заедно со адвертајзинг агенцијата Del Campo Saatchi & Saatchi, разви кампања околу пораката „Кажи го тоа полесно со Andes“, чиј најинтересен дел почнува со скенирање на QR (Quick Response) кодот на пивското шише, продолжува со симнување и инсталирање на апликацијата Andes, па, со снимање на вашата видео порака која автоматски се поврзува со QR кодот на шишете, и завршува со примачот на пораката, кој може да биде секој што ќе го скенира конкретниот код. За да се спречат злоупотреби, пораката автоматски се брише откако ќе биде одгледана. Во приложеното видео Andes илустрира што значи „Кажи го тоа полесно со Andes“. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×