Видео: Руски „шегобијци“ му се јавиле на Макрон, претставувајќи се како Зеленски
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Руски шегобијци, кои лажно се претставиле како новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски, наводно телефонски го побарале и разговарале со францускиот претседател Емануел Макрон по неделните избори во Украина.
„Шегаџиите“, познати како Вован и Лексус го побарале Макрон, а еден од нив се претставил како новиот украински претседател Зеленски.

На аудио снимка од 15-минутен  разговор поставен денеска на Јутјуб се слуша како наводно Макрон му ја честита победата на Зеленски и му посакува да ужива во победата на претседателските избори во кругот на најблиските и семејството.
– Многу Ви благодарам за поддршката, со 73 отсто се чувствувам како Владимир Путин, тој има исти такви резултати, се пошегувал лажниот Зеленски.
Глас сличен на Макрон возвратил на шега дека постои барем една разлика со Русија, „се уште сите свои противници не сте ги испратиле в затвор“, одговорил францускиот претседател.
Еден официјален претставник од кабинетот на Макрон не сакал да го коментира видеото, истакнувајќи дека нема ниту да ја потврди, ниту да ја демантира неговата автентичност.
Инаку, Зеленски се сретна со макрон претходно овој месец во Париз.
Лексус и Вован се познати по тоа што им се јавуваат на високи државници ширум светот и се претставуваат како нивни колеги. Нивни „жртви“, меѓу другите, биле и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, британскиот пејач Елтон Џон и поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×