Видео: Свечено подигнато знамето на НАТО во дворот на Владата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поткуп, личните интереси и привилегии нема да бидат начин на кој се води бизнисот во нашата земја, рече премиерот Заев на церемонијата на подигањето на знамето на НАТО алијансата, од која веќе е дел и Република Северна Македонија.

nato mkd zname

На свечена церемонија пред зградата на Владата, знамето на НАТО беше кренато денеска откако членките сојузот го потпишаа пристапниот Протокол за влез на Република Северна Македонија во алијансата.

„Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении да се вративме на главниот автопат кон Европа. Во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојувањето на државата во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, истакна премиерот Зоран Заев на свечената церемонија“, пред зградата на Владата.

Тој рече дека државата е на вистински пат кон прогрес и развој и дека туку судбината ја земаме во свои раце.

„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата туку и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече Заев.

Во своето обраќање, премиерот Заев им се заблагодари на првиот претседател на државата и врховен командант на вооружените сили Киро Глигоров, на прерано загинатиот претседател Борис Трајковски, на Собранието и пратениците, а благодарност упати и до медијаторот Метју Нимиц, до меѓународната заедница, до грчкиот министер за надворешни работи, како и до грчкиот премиер Алексис Ципрас за  како што рече, за многумина нерешлив проблем.

„Ние со својата мирољубива политика ќе докажеме дека членството во НАТО е најдоброто решение за стабилноста на земјата и за стабилноста на регионот. Сакаме да бидеме пријатели не само со членки на НАТО и ЕУ, туку со сите соседи и сите големи сили“, нагласи Заев.

„Да бидеме успешни и да ги забрзаме историските процеси, со истата истрајност како за Договорот од Преспа. Сите да се посветиме на членството во ЕУ. Тоа значи да ги средиме односите во нашиот дом, во нашето семејство, во нашата татковина, да функционираме како систем и како општество. Правда и нула толеранција за корупцијата. Во институциите нема место за оние кои со своето работење ја изневеруваат довeрбата за лични интереси и привилегии, корупцираните ќе се соочат со одговност, Поткуп, личните интересди и привилегии нема да бидат начин на кој се води бизнисот во нашата земја. Секој мора да ги следи правилата“, порача Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×