ВИКТОР АНДОНОВ: Energy and Climate Index: Од вести кон анализа, од анализа кон индекс

Енергетиката повеќе не е сектор што може да се следи изолирано. Цените на електричната енергија, обновливите извори, батериите, мрежите, климатските политики, увозната зависност, европските регулативи и инвестициите денес се дел од иста економска и стратешка приказна. Токму со таа идеја е создаден Energy and Climate Index платформа која има цел да ја подигне енергетската дебата на повисоко ниво: од дневни информации кон податоци, од изолирани вести кон регионален контекст, и од општи изјави кон анализа што може да им користи на институции, компании, инвеститори, експерти и јавноста. Во разговорот со Виктор Андонов, основач на платформата, зборуваме за идејата зад Energy and Climate Index, мисијата, визијата и планот оваа платформа да прерасне во регионална референтна точка за енергетика, клима и инвестиции.
м-р Виктор Андонов,
Експерт за енергетска политика

ВИКТОР АНДОНОВ
основач на Energy and Climate Index

Енергетиката повеќе не е сектор што може да се следи изолирано. Цените на електричната енергија, обновливите извори, батериите, мрежите, климатските политики, увозната зависност, европските регулативи и инвестициите денес се дел од иста економска и стратешка приказна.

Токму со таа идеја е создаден Energy and Climate Index платформа која има цел да ја подигне енергетската дебата на повисоко ниво: од дневни информации кон податоци, од изолирани вести кон регионален контекст, и од општи изјави кон анализа што може да им користи на институции, компании, инвеститори, експерти и јавноста.

Капитал: Зошто решивте да го создадете Energy and Climate Index?

Андонов: Energy and Climate Index не го замислив како уште еден класичен портал. Идејата беше да се создаде платформа што ќе ја објаснува енергетиката преку податоци, трендови, пазарни сигнали и поширок контекст.

Енергетиката кај нас и во регионот често се појавува во јавниот простор како краток политички или кризен циклус: тема што неколку дена е во фокус, а потоа исчезнува без сериозно објаснување што навистина се случило, зошто е важно и какви последици има за пазарот, инвестициите, компаниите и граѓаните.

А реалноста е сосема поинаква. Енергетиката денес е прашање на економска безбедност, конкурентност, индустриска политика, инвестиции, животен стандард и климатска одговорност.

Мојата цел беше да создадам место каде што читателот нема само да прочита што се случило, туку ќе разбере зошто тоа е важно.

Капитал: Што конкретно недостасуваше во јавниот простор?

Андонов: Недостасува контекст. Имаме многу информации, но често немаме доволно објаснување што тие информации значат.

На пример, кога ќе се објави дека има нова соларна централа, прашањето не е само колку мегавати се инсталирани. Прашањето е: што значи тоа за системот, за мрежата, за цените, за балансната одговорност, за инвестициите, за државните компании, за регионот?

На пример, кога ќе се објави дека има нова соларна централа, прашањето не е само колку мегавати се инсталирани. Прашањето е: што значи тоа за системот, за мрежата, за цените, за балансната одговорност, за инвестициите, за државните компании, за регионот?

Кога се зборува за цените на електрична енергија, не е доволно да се каже дали цената е висока или ниска. Треба да се разбере што ја движи таа цена, како се споредува со регионот, каква е врската со потрошувачката, производството, обновливите извори, увозот и берзите.

Токму тука сакам Energy and Climate Index да направи разлика: да не биде само медиум што пренесува информации, туку платформа што создава разбирање.

Кога се зборува за цените на електрична енергија, не е доволно да се каже дали цената е висока или ниска. Треба да се разбере што ја движи таа цена, како се споредува со регионот, каква е врската со потрошувачката, производството, обновливите извори, увозот и берзите.

Токму тука сакам Energy and Climate Index да направи разлика: да не биде само медиум што пренесува информации, туку платформа што создава разбирање.

Капитал: Која е главната мисија на платформата?

Андонов: Мисијата е едноставна: да ја направиме енергетската транзиција разбирлива, мерлива и релевантна.

Разбирлива: затоа што енергетиката не смее да остане тема само за експерти, институции и компании. Таа директно влијае врз цената на животот, конкурентноста на економијата, инвестициите, работните места и енергетската безбедност. Но, да биде разбирлива не значи да биде поедноставена до дневен коментар или површна порака. Напротив, значи сложените процеси да се објаснат јасно, одговорно и со доволно контекст за да може пошироката јавност да разбере што навистина се случува.

Мерлива: Затоа што без податоци нема сериозна дебата. Енергетиката не може да се објаснува само преку впечаток, политички став или медиумски настап. Тоа е комплексен систем во кој секоја бројка има значење, а секоја одлука има последици. Во јавниот простор често гледаме луѓе кои без никакво секторско искуство коментираат теми што бараат сериозно познавање на пазарите, мрежите, производството, регулативата и инвестициите.

Релевантна: затоа што енергетиката директно влијае врз економијата, компаниите, домаќинствата и иднината на регионот.

Energy and Climate Index треба да ги поврзе бројките со политиките, проектите со пазарите, а локалните случувања со регионалната и европската слика.

Капитал: Зошто фокусот не е само Македонија, туку и регионот?

Андонов: Затоа што енергетиката одамна не е национална приказна. Македонија не може да се анализира изолирано од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Хрватска, Унгарија или европските пазари.

Цените се регионално поврзани. Инвестициите се регионално споредливи. Енергетската безбедност зависи од интерконекциите, увозот, производството и политиките во соседството. Обновливите извори, батериите и пазарната интеграција не застануваат на граница.

Еден од примерите за таков пристап е интервјуто што го објавивме со претседателката на соларната асоцијација на Словенија, Нина Хојник, преку кое сакавме да покажеме како една земја може системски да го развива концептот на користење на сончевата енергија, не само преку големи електрани, туку и преку граѓани, енергетски заедници, локални самоуправи, индустрија и нови модели како споделување на електрична енергија. За мене тоа е суштината на регионалното учење: ако некој веќе развил успешен модел, вреди да видиме како функционира, кои политики го овозможиле, каква улога имале институциите и што од тоа може да се примени кај нас. Македонија има уште поголем сончев потенцијал, и токму затоа треба да размислуваме како од тој ресурс да создадеме модерен концепт од кој интерес ќе имаат граѓаните, компаниите, општините, инвеститорите и целиот енергетски систем.

Energy and Climate Index треба да биде и прозорец кон регионот, место каде граѓаните, компаниите и институциите ќе можат да видат не само што се случува во Македонија, туку и како енергетските инвестиции се реализираат во земјите околу нас. Какви модели користат, како избираат стратешки партнери, како ги развиваат обновливите извори, батериите, мрежите и пазарите, и зошто некои земји напредуваат побрзо.

Наместо секогаш да почнуваме од нула, треба да ги гледаме успешните примери од Словенија, Бугарија, Романија, Грција и пошироко од Централна и Источна Европа, и да разбереме што од тие искуства може паметно да се примени кај нас.

Од првите импресии за читаноста на платформата, токму и ова се потврдува дека истата за краток период токму е најчитана во нашиот регион, покрај Македонија, добро се чита и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија па и пошироко.

Капитал: Кои теми ќе бидат во фокус?

Андонов: Фокусот ќе биде на теми што ја дефинираат новата енергетска реалност.

Обновливите извори се важни, но не само како нови мегавати. Ќе анализираме што значат за системот, за мрежата, за балансот, за цените и за инвестициите.

Ќе се занимаваме и со државните енергетски компании, нивниот развој, корпоративното управување, инвестициите, јавните политики и улогата што треба да ја имаат во новиот енергетски модел.

Ќе следиме и европски политики како CBAM, ETS, електрификацијата, индустриската конкурентност и климатската агенда, затоа што тие веќе директно влијаат врз регионот.

Посебен фокус ќе има Западен Балкан: што наследил регионот, што изградил, каде заостанува и каде има потенцијал да се развива.

Капитал: Дали Energy and Climate Index ќе биде медиум или нешто повеќе?

Андонов: Почнува како медиум и аналитичка платформа, но долгорочната идеја е да биде повеќе од тоа.

Сакам Energy and Climate Index да се развива како простор каде што ќе се среќаваат вестите, податоците, анализите, експертските мислења и регионалните споредби.

Тоа значи дневни информации, но и подлабоки анализи. Неделни пазарни прегледи, но и историски серии. Текстови за политики, но и графици и индикатори. Интервјуа, но и аналитички досиеја.

Идејата е платформата постепено да стане референтна точка за луѓе што сакаат сериозно да ја следат енергетиката и климатската транзиција во регионот.

Платформата е наменета за поширока, но и сериозна публика, институции што носат политики, компании што ги следат цените, инвестициите и регулативите, инвеститори што бараат контекст, експерти што сакаат податоци и анализа, медиуми што сакаат подобро да ги разберат енергетските теми, но и граѓани што сакаат да знаат зошто енергетиката директно влијае врз нивниот живот.

Energy and Climate Index не треба да биде затворен експертски простор, но ниту површна медиумска платформа … Целта е да биде достапна, но сериозна, разбирлива, но професионална.

Капитал: Која е вашата долгорочна визија?

Андонов: Визијата е Energy and Climate Index да стане препознатлива регионална платформа за енергетика, клима и инвестиции.

Платформа што ќе се чита не само за да се дознае што се случило, туку и за да се разбере каде се движи секторот.

Платформа што ќе ги поврзе Македонија, Западен Балкан и Европа преку податоци, анализи и професионален пристап.

Платформа што ќе помогне енергетската дебата да стане посериозна, попрецизна и покорисна.

На крајот, мојата цел е едноставна: Energy and Climate Index да биде место каде што енергетиката се чита како иднина, а не само како дневна вест.

Еден од примерите за таков пристап е интервјуто што го објавивме со претседателката на соларната асоцијација на Словенија, Нина Хојник, преку кое сакавме да покажеме како една земја може системски да го развива концептот на користење на сончевата енергија, не само преку големи електрани, туку и преку граѓани, енергетски заедници, локални самоуправи, индустрија и нови модели како споделување на електрична енергија. За мене тоа е суштината на регионалното учење: ако некој веќе развил успешен модел, вреди да видиме како функционира, кои политики го овозможиле, каква улога имале институциите и што од тоа може да се примени кај нас. Македонија има уште поголем сончев потенцијал, и токму затоа треба да размислуваме како од тој ресурс да создадеме модерен концепт од кој интерес ќе имаат граѓаните, компаниите, општините, инвеститорите и целиот енергетски систем.

Капитал: Ако треба да ја сумирате платформата во една реченица, која би била таа?

Андонов: Energy and Climate Index е создаден за да ја претвори енергетската информација во анализа, анализата во знаење, а знаењето во подобри одлуки.

Тоа е суштината.

Не само да следиме што се случува.

Туку да разбереме што значат случувањата.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ