Виктор Орбан: Мигрантите се отров за Европа
Објавено на од во Политика

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека приливот на мигранти во Европа е отров. “Секој мигрант претставува ризик за тероризам и за јавната безбедност”, изјави Орбан, коментирајќи го бранот на насилства низ Европа.

European Parliament - Viktor Orban“На Унгарија не и е потребен ниту еден единствен мигрант за економијата да функционира или за да се одржува популацијата за земјата да има иднина”, изјави Орбан на заедничката прес конференција со австрискиот канцелар Кристијан Керн во Будимпешта.

Бројот на мигранти кои пристигнуваат во Унгарија годинава достигна 18.000.

Орбан смета дека цврстата имиграциона и надворешна политика на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е од витално значење за Унгарија, потенцирајќи дека нема потреба од заедничка европска миграциона политика.

 

Унгарија треба да одржи референдум на 2 октомври за тоа дали да учествува во шемата на ЕУ за реалокација на мигрантите низ европските земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×