Виктор Стојкоски, генералниот секретар на АЕТМ: Е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за раст на бизнисот
Објавено на од во Економија

Е-трговијата кај нас оди во нагорна линија Македонците во 2018 година потрошиле 134 милиони евра за купување онлајн, што преставува пораст од 22% во однос на 2017, според податоците на АЕТМ.Во пресрет на втората годишна конференција за е-трговија, чија организација веќе е при крај, за трендовите, можностите и иднината на електронската трговија кај нас, Капитал разговараше со генералниот секретар на Агенцијата за електронска трговија на Македонија, Виктор Стојкоски.

_MG_0944_1280x853На еден месец до одржувањето на Втората конференција за е- трговија како течат подготовките, се’ ли оди според планот? Колку учесници очекувате годинава?

Се наоѓаме на месец дена пред втората годишна конференција за е-трговија, а веќе сме при крајот со сите подготовки на еден вака голем настан. Позитивно сме изненадени од интересот за конференцијата оваа година со што во рекордно време се продадоа картите по Super Early Bird и Early Bird цените. Моментално сме во последната фаза за продажба на карти, и следејќи го интересот, веруваме дека неколку денови пред конференцијата целосно ќе бидеме распродадени. Очекуваме околу 450 учесници од повеќе од 200 компании, едукативни установи, владини и невладини организации од Македонија и регионов.

Оваа година нашите цели се да ги подигнеме стандардите за една конференција во Македонија, и да прикажеме дека и тука кај нас може да се случуваат конференции кои за кратко време стануваат и меѓународно препознатливи.

Објаснете за нашите читатели што ќе биде во фокус на Конференцијата годинава?

Поттикната од потребите, предизвиците и целите на сегашните и идните е-трговци на пазарот, втората конференција за е-трговија ќе се фокусира на бизнис растот кој може да биде забрзан со соодветен менаџмент на е-трговијата како значаен канал за продажба. Главниот фокус на конференцијата ќе биде „новиот потрошувач“ и најновите алатки со кои се стигнува до тој потрошувач, а кои постојано се менуваат. Е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за раст на бизнисот, и може да ги достигне и надмине очекувањата на менаџерите, но само со вистинска реализација. Со ова на ум и со цел надминување на очекувањата на учесниците на конференцијата, можете да сметате на висококвалитен настан со домашни и странски говорници кои имаат огромно искуство во нивните домени. Агендата ќе биде поделена на презентации, панел дискусии, “fireside” разговори и други активности.

Управувањето со е-трговијата, не е воопшто едноставна работа. Таа бара меѓусекторска соработка, огромно познавање од многу полиња и многу страст. Кога компанија отвора физичка продавница, мудро избира соодветна локација и плаќа кирија и сите придружни трошоци. Атрактивноста на локацијата ќе донесе сообраќај кон продавницата, што може да се спореди со „органско“ достигнување на посетители преку Интернет. Меѓутоа, во светот на интернетот, не постои таква „привлечна локација“ – наместо тоа, постои оптимизација, привлечна содржина, lead generation, одлично корисничко искуство и многу други алатки што ќе што се клучни за тоа „како ќе оди продажбата”. Без соодветна стратегија за маркетинг и без вистински фокус, сите претходни инвестиции на време и ресурси за започнување со е-продавница се само потрошени.

ecommerceConference 2018Кои ќе бидат најголемите “ѕвезди“ говорници и панелисти?

Оваа година имаме навистина исполнета агенда. Не знам дали воопшто можам да кажам кои ќе бидат најголемите “ѕвезди”, затоа што сите од агендата се големи на свој посебен начин. Како клучен говорник би го издвоил Скот Рафер од САД, кој е советник во The Associated Press, директор на Nanigans & ShopPad Inc и експерт за маркетинг канали за е-трговија (Е-commerce Marketing Funnels).

Скот Рафер после повеќе од 20 години раководење на стaртапи за софтвер, сега работи на создавање партнерства за иновации помеѓу неколку големи стартапи во електронската трговија и логистиката со оператори низ целиот свет, кои учат како да се натпреваруваат со Amazon, Alibaba и Tencent/JD/Walmart. Тој е ко-основач, директор и/или набљудувач на одборот во Mashery (купен од Intel), MyBlogLog (купен од Yahoo!), Flow.space, Shiphawk, Shippabo, Nanigans, Newswhip, ShopPad и Zemanta (купени од Outbrain).

Би ги споменал и говорниците како Канданц Н’кот Бисек, која моментално работи во UNCTAD при Обединетите Нации, водејќи ја иницијатива наречена „eTrade for Women“, која има за цел да го поттикне учеството на жените во дигиталното претприемништво во земјите во развој; Маркетинг консултантот, Петер Масарек, кој има повеќе од 15 години искуство во онлајн маркетингот, со специфичен фокус на SEO и има неколку признанија за најдобар конференциски говорник; како и Рок Храстник, меѓународен e-Commerce Growth лидер со богата историја на развивање на бизниси за е-трговија во Европа, вклучувајќи ја Студио Модерна чиј бизнис за е-трговија е присутен на 22 пазари низ Централна и Источна Европа. Повеќе околу говорниците и тоа што тие ќе го зборуваат на конференцијата за е-трговија, може да се погледне на нашата веб страна

Може ли накратко да сублимирате за напредокот што се случи во е-трговијата во земјава помеѓу двете конференции? Кои се најбитните бројки што може да ги споделиме со читателите?

Водејќи се по бројките и анализите, може да се пофалиме дека е-трговијата кај нас оди во нагорна линија. Всушност од прегледот на состојбата со е-трговијата во 2018 година, изработен од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, може да се увиди дека зголемена е вкупната вредност која е направена онлајн. Односно, Македонците во 2018 година потрошиле 134 милиони евра за купување онлајн, што преставува пораст од 22% во однос на 2017. Дополнително, во 2018 година имаме пораст од 62% во онлајн купувачи споредено со 2017 година. Односно, оваа година 406.000 или 31.6% од интернет корисници нарачале/купиле онлајн, наспрема 19,5% истиот период во 2017 година. Исто како и минатата година, најмногу, односно 64% од онлајн купувачите во Северна Македонија, направиле нарачки за облека и спортска опрема.

Она што е особено значајно за домашните е-трговци е дека за разлика од минатата година (31,7%), Македонците во 2018 година најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата (52,3%). Ако во претходниот период доминантно македонските граѓани онлајн купувале од продавачи од другиот дел на светот, најновите податоци на Државниот завод за стaтистика покажуваат дека Македонците доминантно  купувале онлајн од домашните е-трговци, што е особено за поздравување.

Колку засегнатите страни во целата оваа приказна околу е-трговијата (владини институции, банки, трговци, итн.) ги сфатија пораките од ланската Конференција и реално направија синергија со вас како организација со цел за што поголемо унапредување на е-трговијата?

Минатата година, после конференцијата објавивме 5 клучни заклучоци кои произлегоа од конференцијата. Таму беше истакнато дека е-трговијата и едукацијата се неопходни, и поради тоа мора да има поголема едукација, дека регулативата треба да ги следи потребите на бизнис заедницата, дека фин-тек иновациите треба сериозно да настапат на сцена, дека е потребна подобра понуда и конкуренција во е-трговијата и дека имаме голем проблем со достава и логистика.

Морам да пофалам дека сите засегнати страни имаат огромна улога за подобрувањата кои произлегоа од овие 5 главни заклучоци во е-трговијата. Отвореноста на институциите за соработка е навистина многу значајна, а тука посебно би ја истакнал соработката со Царинската управа.

Да не заборавиме дека само пред неколку недели, Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе одлука со која се овозможува резидентите коишто не се овластени банки, да отвораат и да имаат сметки во странство и тие сметки да ги користат за комерцијални цели, односно за купување и/или продавање стоки и услуги по електронски пат.

Со оваа одлука, влезот на PayPal во Република Северна Македонија е во согласност со локалниот закон и набрзо можеме да очекуваме дека и македонските граѓани ќе ја имаат можноста во целост да ги добијат привилегиите кои ги нуди PayPal. Тоа директно ќе помогне на е-трговијата, на зголемувањето на понудата, а особено ќе биде од помош за е-трговците кои производите/услугите сакаат да ги продаваат на странски пазар. На крајот, да не ја потцениме и важноста на е-трговците во целиот овој процес за подобрување на е-трговијата. Тие се креатори на понудата, сигурноста и безбедноста која треба да ја пренесат на крајните корисници и да овозможат позитивно искуство во процесот на купување се со цел зголемување на влијанието во е-трговијата.

Кои се во моментов најголемите предизвици и пречки за побрз развој на е-трговијата во земјава што би сакале да ги адресирате до јавноста, секако и до учесниците на претстојната конференција?

Едни од поголемите предизвици на кои мора да работиме се едукацијата на крајните потрошувачи и зголемувањето на квалитетна и атрактивна понуда, која ќе ги примами луѓето да купат онлајн, наместо да одат во продавница. Едукацијата е директно зависна со понудата, па така, ако нема добра понуда, крајниот потрошувач нема доволен мотив да се едуцира во ова поле и да направи оналјн нарачка.

Од друга страна, и е-трговците треба сериозно и посветено да работат на развојот на е-трговијата како продажен канал, каде секогаш во чекор пред другите, ќе ги следат најновите технологии и трендови и ќе се адаптираат на истите, бидејќи како што и погоре напоменав, е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за бизнис раст и може да ги достигне и надмине очекувањата на менаџерите, но само со вистинска реализација.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×