(Фотогалерија) Винаријата Стоби одбележа 10 години постоење
Објавено на од во Компании

Винаријата Стоби го одбележа големиот македонски празник Св. Трифун и својот јубилеј 10 години од постоењето во присуство на своите пријатели од бизнис, политичкиот, дипломатскиот и јавниот живот. 

Stobi 1

Традиционално, десетта година едноподруго, со света литургија на празникот Св.Трифун беа закроени виновите лози во винарницата „Стоби“. Закројувањето го започна сопственикот Минчо Јорданов.
„Нашиот бренд Стоби, во изминатиот период од 10 години, стана вино со препознатлив квалитет коe се пласира на повеќе континенти. Со гордост можеме да кажеме дека сме присутни во Кина, САД, Русија и Европа. Горди сме на нашите награди и пофалници од реномирани вински критичари а тоа нам ни претставува предизвик за натамошни успеси, благодарение на целиот тим“, изјави Минчо Јорданов, сопственик на винарија Стоби.

Изминататите години винарија Стоби зема учество на сите реномирани саеми и освои награди и признанија на светски натпревари. Само лани, Стоби освои највисоки признанија на престижните интернационални натпревари Мундус вини во Германија и Вино Љубљана во Словенија. Вината на Стоби добија високи препораки од реномираните светски вински критичари во рецензиите објавени во Вашинготн пост и во винскиот магазин Wine Advocate.

„Ние како винарија постојано ги следиме светските трендови, ги задоволуваме вкусовите на сите потрошувачи. Со тоа сме конкурентни и на светскот пазар со широка палета на производи на вина. Континурино вложуваме во иновации со цел да произведеме вина кои се премиум, класик, елитни или традиционални кои ќе ги задоволи сите вкусови и сетила на секој потрошувач. Винарија Стоби е фамилијарен бизнис благодарение на мојот татко Минчо Јорданов“, вели Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.
Стоби е модерно конципирана македонска винарница во Градско со свој ресторан, која годишно произведува 4,5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино, од кои 70% се извезува на пазарите во други земји.
Јорданов се осврна и на проблемите што се карактеристични за земјоделството, за идните развојни планови на брендот „Стоби“ и за потенцијалот на винскиот туризам.
“Десет години е период во кој винарницата „Стоби“, која е една од поголемите во Македонија, ги преживува, доживува и ги решава проблемите во нашиот аграр, особено што во последниве години виното стана продукт за кој се ангажираат поголем број работници во комбинати како „Стоби“, која сама го произведува грозјето и која е единствена со сигурен пласман и извоз. Факт е дека во Македонија се троши само 10% од виното што се произведува, поради што сме принудени да бараме пазари за пласман на нашиот производ, но токму благодарение на таа наша заложба, заедно со асоцијацијата и во соработка со државата, ние обезбедуваме работа за луѓето што живеат тука, да си останат тука”, посочи Јорданов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×