Вип ги чести новите корисници со повеќе интернет по повод 10-от роденден
Објавено на од во Компании
Десет гигабајти  интернет, неограничени минути и СМС пораки кон сите мрежи за 750 денари месечно во една од тарифите  сега нуди Вип операторот со новата промотивна акција по повод 10-годишниот јубилеј во Македонија.
Dimitar Kovachevski Vip 10 God - 1

Димитар Ковачевски, извршен директор на оне.Вип: “Само во минатата година инвестиравме над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. “

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поголеми  количества 4G интернет добиваат постпејд корисниците на Вип мрежата, оние што ќе склучат нов или ќе го обноват договорот, како подарок по повод 10 – годишниот роденден на компанијата во Македонија.

“Отсега,  корисниците на тарифните модели Vip Mobile L  и Vip Family Hero добиваат промотивно 10GB супер брз 4G интернет засекогаш. Во XL тарифата пак, интернетот ќе биде 15GB месечно, со тоа што останатите придобивки остануваат исти. Нашето големо Вип друштво е модерно, динамично и брои над 1,2 милиони корисници. Тоа е насекаде и секогаш поврзано со нашата најсовремена мрежа. Горди сме што и овој пат овозможуваме многу повеќе за непречена комуникација на секој поединечно но и што можеме да дадеме голем придонес кон деловниот успех на голем број мали, средни и големи компании во земјава“, истакна на денешната промоција на новата понуда,  Димитар Ковачевски, извршен директор на оне.Вип.

Тој додаде дека Вип вложи само минатата година 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4G LTE  и 4+ мрежа со која на корисниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.

“Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга.“, истакна Ковачевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×