Вип почнува со интерактивна телевизија
Објавено на од во hi-tech & business
Со интерактивната телевизија ќе може да се враќа ТВ програмата наназад 7 дена,  на 50 ТВ канали засега. Се добиваат и можностите  за паузирање, премотување наназад, снимање на ТВ програма во живо или закажување на снимање.
Dimitar Kovacevski - iTV - press

 

 

 

 

 

Вип го најави денеска  воведувањето на интерактивна телевизија со која го зголемува квалитетот на гледање на телевизиските програми. Со интерактивната телевизија корисниците добиваат можност да ја враќаат ТВ програмата наназад 7 дена, и тоа овозможено на 50 ТВ канали засега. Од сега корисниците на интерактивната телевизија ќе ги добијат функционалностите за паузирање, премотување наназад, снимање на ТВ програма во живо или закажување на снимање. Интерактивните функционалности овозможуваат и подесување на ПИН код за заштита од содржини кои не се соодветни за деца.

Од денеска, сите корисници кои ќе изберат еден од Вип Комбо тарифните модели добиваат бесплатна интерактивна телевизија, вклучително и  за најниската тарифа. Промотивно корисниците на интерактивни услуги на Вип ќе добијат и 3 месеци бесплатен пристап до услугата Видеотека, која содржи Disney филмови и популарни ТВ серии. Новите корисници и корисниците кои ќе го обноват својот договор на Вип Комбо, добиваат бесплатно нов дигитален ресивер кој ги овозможува сите функционалности на интерактивната телевизија.

”Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, Вип оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на Комбо пакетите и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали. Воведувањето на Вип интерактивна телевизија е уште еден доказ за нашата посветеност кон стратегијата за обезбедување квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани” изјави Димитар Ковачевски, извршен директор во онe.Вип.

Постоечките корисници на Вип Комбо, каде постои техничка можност за интерактивна телевизија, може да ја активираат истата со замена на постоечкиот ресивер со нов ресивер, со еднократен надоместок или на рати.

Услугата интерактивна телевизија е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес, на локации каде постои техничка можност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×