ВИП со нови семејни пакети во мобилната постпејд телефонија
Објавено на од во Компании

VipFamily се состои од четири тарифни модели, со месечни претплати од 249 до 999 денари.

Dimitar Kovacevski 02

 

 

 

 

 

Вип објави понуда на  четири нови постпејд тарифни модели прилагодени кон комуникациските потреби на секој член од семејството.

Новото Vip Family тарифно портфолио нуди можност корисниците да уживаат во долги разговори, интернет со 4G брзина и тоа со намалена месечна претплата, засекогаш.

VipFamily се состои од четири тарифни модели и тоа: VipFamily Hype, Vip Family Hero, Vip Family Hero+ и Vip Family Senior. Сите оние кои сакаат да се постојано онлајн со 4G брзина можат да го изберат супер атрактивниот Vip Family Hype тарифен модел, а со избор на Vip Family Hero или Vip Family Hero+ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи како и 4G интернет.

“Нашeто Vip Family портфолио е совршен избор за корисницитена мобилната телефонија и уверен сум дека во богатиот избор на тарифни моделисекој член од семејството ќе го пронајде совршениот пакет што ќе одговара дури и на оние со најспецифични комуникациски потреби. Специјално креираните Family пакети, наменети за секој член на семејството ги сметаме за наша огромна предност дотолку повеќе што на корисниците освен висококвалитени и неограничени услуги во мобилната телефонија  им нудиме најконкурентна цена што секако ќе значи и заштеда во семејниот буџет”, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на Вип.

Со Vip Family Hype за месечна претплата од 449 денари , корисниците добиваат 6 GB 4G интернет, неограничени разговори кон сите корисници од Вип заедницата, како и100 минути кон други национални мрежи. Vip Family Hero кој е достапен за месечна претплата од 599 денари е наменет за сите корисници кои сакаат долги разговори. Оние кои ќе се одлучат за овој тарифен модел добиваат неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и 3GB4G интернет. Со Vip Family Hero+ за 999 денари месечна претплата корисниците добиваат неограничени разговори кон сите мрежи, неограничени СМС пораки , 6GB интернет и 50 минути за меѓународни разговори. Со Vip Family Senior кој е наменет за пензионери, за месечна претплата од само 249 денари, корисниците можат да уживаат во неограничени разговори кон сите корисници од Вип заедницата и добиваат вклучен 500MB мобилен интернет.

Тарифните модели од Family портфолиото можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип кои вклучуваат: мобилна телефонија, фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Family тарифните модели се промотивни и достапни со договор на 24 месеци за нови и обновени договори за сите физички лица кои имаат активна најмалку една Вип мобилна линија со месечна претплата од 550 денари или ќе активираат барем 2 Vip Family мобилни линии од кои една е со минимална месечна претплата од 550 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×