ВИП со раст на профитот од 9,4%
Објавено на од во Компании
А1 Телеком Австрија соопшти дека нејзиниот македонски огранок оне.Вип во првата половина од 2019 година остварил профит пред исплата на камати, даноци и амортизација (ЕБИТДА) од 22 милиони евра, што претставува раст од 9,4 отсто во споредба со истиот период лани.
оне вип_1280x593Вкупниот приход на оне.Вип во првите шест месеци од годинава се зголемил за 3,4 проценти на 59,6 милиони евра.
Во вториот квартал од 2019 година, профитот ЕБИТДА на оне.Вип се намалил за 5,8 отсто на годишно ниво на 10,9 милиони евра, додека приходот во истиот период пораснал за еден процент на 29,3 милиони евра.
Во соопштението на А1 Телеком се посочува дека на крајот на јуни годинава, оне.Вип имал вкупно 1,08 милиони претплатници на безжичен интернет, што претставува раст од 0,2 проценти во споредба со истиот период лани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×