Vip станува А1
Објавено на од во Економија
Телекомуникациската компанија Vip, која е присутна на македонскиот пазар речиси 12 години e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, водечкиот комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа. А1 Телеком Австрија Групацијата обезбедува услуги (мобилни и фиксни) за приближно 24 милиони корисници вклучувајќи телефонија, безжичен интернет, мултимедијални услуги, податочни услуги, решенија во облак и ИТ услуги, решенија за наплата и дигитални услуги.
ВИП
Во 2017 година, А1 Телеком Австрија Групацијата ја објави одлуката постепено да го воведува моќниот А1 бренд за сите свои компании, вклучувајќи го и Vip на македонскиот пазар. Оттука, во текот на оваа година Vipбрендот ќе биде заменет со А1брендот.
Со континуираните инвестиции и иновации уште од самиот влез на македонскиот пазар, Vip значително придонесува во развојот и унапредувањето на телекомуникацискиот пазар во земјата. Овој тренд и натаму ќе продолжи и под брендот А1, со нови вложувања во мобилната и фиксната инфраструктура, технологии и мрежа на нови генерации, притоа поттикнувајќи го развојот на дигитално општество. Во исто време, под новиот А1 бренд, компанијата ќе продолжи да нуди иновативни решенија кои ќе одговараат на сите комуникациски потреби на корисниците , притоа зацврстувајќи ја дигиталната трансформација на македонското општество.
“Пред речиси 12 години, Vip влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и предизвика вистински конкурентен натпревар. Благодарение на револуционерните промени кои ги воведуваме уште од првиот ден, Vip силно го раздвижи македонскиот телекомуникациски пазар и успеа да го збогати и издигне целокупното корисничко искуство на едно сосема повисоко ниво. Водејќи се од едноставното мото „Повеќе за вас“, им овозможивме на корисниците да уживаат во неограничена мобилна комуникација при што тие зборуваат повеќе, а плаќаат помалку. Оттогаш па сè до денеска, континуирано воведуваме иновативни производи и услуги, како и изградба на сопствена 3G и 4G мрежа. Во текот на овие години, Vip се трансформираше од само-мобилен оператор, во потполно конвергентна компанија која нуди мобилна и фиксна телефонија, ТВ и ИКТ услуги. Но, ние не застануваме тука. Со прилагодување на дигиталната еволуција која се случува околу нас, еволуираме и ние и стануваме дигитална компанија. Со брендот А1, сакаме да ја зајакнеме нашата позиција како партнер од доверба за нашите корисници, кој ќе им понуди соодветни решенија кои ќе ги збогатат нивните животи и потреби за дигиталната ера. Во соработка со нашите корисници, ќе осмислуваме нови паметни решенија со кои тие ќе можат да уживаат во дигиталното време“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.
Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку ќе им овозможи на сите А1 корисници од сите А1 пазари, доследно и единствено бренд искуство. И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×