Вирусот ги нападна и европските вредности
Објавено на од во МАГАЗИН

Glavna za Kate temaСлободата и човековите права во костец со болеста

Каде е точно нацртана линијата  што ги разделува слободата на граѓаните и човековите права од обврската на државите да обезбедат и спроведат мерки за заштита на населението во ек на пандемија?
Каде е точно нацртана линијата  што ги разделува слободата на граѓаните и човековите права од обврската на државите да обезбедат и спроведат мерки за заштита на населението во ек на пандемија? Ова прашање се’ повеќе се наметнува низ интелектуалните европски кругови, но и кај нас, откако Владата одлучи да ги засили рестриктивните мерки и да прогласи полициски час на територијата на целата земја што ќе ги опфати сите граѓани секој ден од 16 часот напладне до 06 часот наутро и цели викенди, односно од 16 часот во петоците до утрото во понеделник.
Слободата на движење на стоки и луѓе е еден од принципите на коишто почива самата Европска унија. Националните држави се разликуваат во строгоста и во обемот на спроведување на мерките, но нема таква којашто воопшто не спровела некаков тип на ограничување, откако науката децидно застана на ставот дека намалувањето на социјалните контакти е една од клучните мерки за борба со вирусот.
На страна на аргументацијата на властите е фактот што граѓаните се ноншалантно поставени кон препораките за самоизолација и собирањата во групи продолжуваат и покрај сите апели. Критичарите на овие мерки, пак, велат дека наместо „затвор“ за сите треба да се зајакне санкционата политика и да има казни за оние кои не ги почитуваат, што повторно го отвора прашањето дали држава – поединечен полицаец е идеалот што  во 21 век требало да го достигнат свесни и совесни жители на континентот со најголем стандард.
Професорката Катерина Колозова, смета дека токму овие теми ќе бидат клучните кога ќе стивне хоророт со болеста и ќе треба одново да се постават принципите на политичко дејствување. Во Европа каде и онака земаа замав радикалните, регресивни и конзервативни сили, пандемијата може да се гледа како одлична можност за тие да расцутат, но може да се очекува и сосема спротивно сценарио – слободата и човековите права да добијат да се вратат на пиедесталот.
„Европа е будна и следи. Загриженоста за тоа што на пример еден Орбан го прави во Унгарија злоупотребувајќи ја пандемијата за да се самопрогласи небаре за Наполеон или Вучиќ кој веќе наголемо е тема во Европа е се смета за проблем, сето ова е факт. Зборуваме за илиберални демократии, тоа што ние го нарекувавме ‘груевизам’. Тоа се всушност демократии испразнети од либерални вредности, ги гледаме и во срцето на Европа и во нејзиното блиско опкружување и се разбира дека посткризно овие теми ќе бидат силно актуелни иако веќе тие се дебатираат и во Франција, Германија…“, вели таа.
Парламентот во Унгарија (тоа што Колозова всушност го забележува) му дозволи на Виктор Орбан во кризата да носи одлуки на своја рака, во однос на прекршувањата на карантинот и „лажните вести“, што на пример аналитичарите на “Форин Полиси“ го оценија како „чекор на автократ што ја зграпчува можноста“. Реагираа невладини, новинари, европратеници, Советот на Европа, но ФИДЕЗ и Орбан не можеа да одолеат на можноста да ја земат целата моќ во свои раце. Допрва ќе треба да е види какви акции ќе преземе ЕУ во врска со тврдоглавиот (и не прв) однос на унгарската власт кон европските начела, но она што загрижува е што тој може само да биде пример и да ги поттикне или открие таквите тенденции низ континентот.
Откако првите реакции беа бавни сега ЕУ ја враќа солидарноста во преден план
Паралелно со грижата за авторитарноста, стигнуваат силни критики кон Брисел и дека Унијата го напушта основното начело – она на солидарноста после бавната реакција на одговор кон пружената рака од страна на најпогодената земја членка Италија.
Медиумите беа преполни со текстови во кои и’ се забележува на Европската Унија дека заглавена во дебелите институционални ѕидови и бирократски процедури задоцни сериозно да помогне и на Италија и на останатите држави. Паралелно со овие критики следуваа информации за тоа како додека Брисел се мисли што да преземе, официјална Москва веќе е на терен и ја презема ситуацијата „под свое“ пружајќи итно солидна помош.
Но, сериозните анализи говорат дека вистината е малку поинаква од она што во секојдневието се пласира. Во маглата на разни информации и во средиштето на кризата која за волја на вистината е ужасна катастрофа за Италија има и тоа како простор за критика и кон Брисел и кон поединечните држави, особено откако Франција и Германија на почетокот на кризата не одговорија на нејзиното барањето за испорака на медицинска опрема.
Помошта беше побарана преку Центарот за итна интервенција и координација, а Европската комисија ја проследи молбата до земјите – членки.
Веднаш после ова се појавија текстовите дека Русија, ама и Кина доаѓаат како спасители.
Но, реномираниот италијански весник Ла Стампа објави дека помошта од Москва практично и нема големо значење, оти главно се состоела во експерти за нервни отрови и војници од нуклеарна одбрана, инструменти за деконтаминација од хемиски оружја, што Италија и самата ги има и не ѝ требаат.
Францускиот претседател, Емануел Макрон е на иста линија со весникот -  во изјава за италијанските медиуми истакна дека многу се зборува за кинеска или руска помош која пристигна во Италија, но забележува дека никој не ги спомнува Франција и Германија кои откако се фатија во костец со кризата испорачаа два милиони маски и десетици илјади заштитни одела во Италија, за што Макрон најави дека е само почеток на помошта.
Во исто време, Германија, во нејзините болници во три покраини да се лекуваат италијански и француски граѓани заразени од корона вирусот.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас рече дека германските болници ќе преземат најмалку 47 пациенти од Италија во знак на европска солидарност. Тој додаде дека во оваа криза тие се заедно со италијанските пријатели и само така, можат да се спротивстават на заканата.
А токму одговорот на прашањето -  како Европската унија ќе одговори на предизвикот од корона вирусот, ќе го одреди нејзиниот кредибилитет во иднина, согласни се голем дел од европските лидери, откако на виртуелниот Самит што беше одржан поради ситуацијата, не беше постигнат договор за заеднички економски одговор на пандемијата.
Германија и Холандија се спротивставија на притисокот на Италија, Шпанија, Португалија и Франција да се издадат заеднички корона обврзници за да се помогне на економиите на земјите – членки.
Politika-3Европска помош за Македонија
По ова, Макрон ги предупреди лидерите дека постои ризик, пандемијата да ги поткопа основните столбови на Унијата и порача дека Франција ќе се бори за солидарност во Европа.
И француската државна секретарка за европски прашања Амели де Моншален  исто така порача дека европските држави треба, заедно да се подготват за излезот од кризата, закрепнувањето, како и за последиците.
Моншален смета дека државите ќе ја покажат ефикасноста со тоа што ќе бидат заедно, и ќе опстојат само ако покажат солидарност.
Ставот на француската државна секретарка е дека Европската унија ќе се соочи со „егзистенцијални“ прашања, вклучително и за местото на некои од земјите – членки, доколку не излезе обединета од кризата со „Ковид-19“.
Лидерите на еврозоната имаат две недели да најдат начин како да ја поддржат економијата за време на пандемијата. Но во меѓувреме Европската Унија покажа силна подготвеност за помош на владите со тоа што се обезбедија 37 милијарди евра во рамките на „политиката на кохезија“. Европската централна банка објави огромна програма од 750 милијарди евра, а Европската комисија ги олабави правилата за фискална дисциплина.
Во однос на Македонија, Европската Унија ќе издвои износ помеѓу 65 и 70 милиони евра за справување со предизвиците од корона вирусот. Од овие пари, 4 милиони евра се предвидени за поддршка на здравствениот систем и 62 милиони евра за економско и социјално закрепнување од последиците на пандемијата.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј информираше дека е одобрено ослободување на 50 милиони евра кои беа предвидени како награда на Македонија за реформски постигнувања.
Дополнително, Европската комисија ги разгледува можностите за вклучување на земјава во пошироките механизми на Европската унија во справување со Ковид-19, како и непречено одвивање на протокот на стоки помеѓу европските и земјите од Западен Балкан што за нашата земја што во голема мера е увозно зависна е исклучително важно.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×