Висок германски советник предупреди за опасноста од нова криза во Европа
Објавено на од во Економија
Советникот на германската влада, Ларс Фелд, меѓу првите, предупреди за забавувањето на германската економија, а во својот последен разговор за британските медиуми, тој, исто така, се осврна кон Италија, предвидувајќи ги и можните огромни тешкотии за другите земји од еврозоната.
feldВисокиот советник на германскиот совет на економски експерти, Фелд, во интервју за Би-Би-Си изрази страв од можна нова финансиска криза во Европа.
Германската влада очекува раст од само 0,5% оваа година, додека само пред неколку месеци очекуваше раст од 1,8%. Една од главните причини за ниската прогноза е производствениот сектор кој се соочува со бројни проблеми.
Италија, пак, се обидува да ја елиминира заканата од нова рецесија, водејќи битка со високиот јавен долг и банкарска криза, поради што сеуште е ранлива, предупредува високиот советник на германската влада во разговорот на Би-Би-Си.
Поради планираниот поголем буџет и трошењата на даночните приходи, италијанскиот буџетски дефицит и јавниот долг постепено се зголемуваат и имаат тенденција да ги надминат највисоките нивоа во Европската Унија, што уште повеќе го искривува финансискиот кредибилитет на земјата.
Владата во Рим е оптоварена со јавен долг на 132,2% од БДП, според податоците на Еуростат за 2018 година.
„Големиот долг има само Грција. Загриженоста околу таквиот висок долг може да го влоши притисокот врз италијанскиот финансиски систем. Банкарскиот систем во Италија не е сигурен. Тешкотиите би можеле да се прошират и во други земји – особено од италијанскиот банкарски систем во тие други земји. Меѓутоа, пред сè, мора да предупредиме дека постои опасност од ширење на проблеми од италијанската влада кон целиот банкарски систем “, истакна Фелд во интервју за Би-Би-Си.
„Може да изгледа како нова криза во еврозоната“, заклучува тој.
Во изминатите три години, седум италијански банки веќе побараа помош, припомнува Фелд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×