Виталиа освои 6 нови егзотични дестинации
Објавено на од во Компании

VitaliaШест нации со различни  култури и навики во исхраната од неодамна имаат нешто заедничко и тоа од Македонија. Тоа е Виталиа, познатиот македонски производител на здрава храна кој го направи својот прв извоз во Малезија, Сејшели, Тајван, Маурциус, Панама и Куракао, соопштуваат од компанијата.

„Извозот на овие шест нови пазари е огромен успех кон ширење на брендот во светски рамки. Вклучувајќи ги овие шест нови држави, денес производите на Виталиа се достапни во 35 земји ширум светот. Ова е уште една потврда дека Виталиа создава врвни здрави производи според светски стандарди чиј квалитет и оригиналност го препознаваат потрошувачите на сите меридијани, без оглед на геогравската положба и културата.”- изјавија од Виталиа.

Од неодамна повеќе од 50 производи под брендот Виталиа се достапни во овие шест земји и тоа позиционирани на рафтовите на премиум супермаркетите, во категоријата на здрава и функционална храна.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×