Виталиа се грижи за лицата со попречен вид – новите Супер-колачи со Брајова азбука!
Објавено на од во Компании

Виталиа е првата компанија од прехранбената индустрија во Македонија со ваква иницијатива.

BRAJOVA AZBUKA_SUPER COOKIES-02

 

 

 

 

 

 

 

Македонскиот производител на здрава храна Виталиа продолжува со своето општествено одговорно делување. Покрај тоа што креира здрави производи за цела популација, произведува и специфични производи за одредена категорија консументи, за луѓе со попреченост, а овој пат се реши да им помогне на лицата со оштетен вид. Имено компанијата се погрижи на амбалажата на своите најнови производи, Super cookies, да биде испишана Брајовата азбука!

Виталиа е првата компанија од прехранбената индустрија во Македонија со ваква иницијатива, потврдувајќи ја со тоа уште еднаш својата решителност да им помага на луѓето од ранливите категории. Во компанијата веруваат дека тој чекор ќе го следат и другите компании.

Лицата со попреченост на видот се дел од нашата заедница и заслужуваат да им бидат овозможени истите права и уживања како и на сите нас. Сега  за прв пат ќе можат самите во продавница да ги препознаат и да ги изберат овие здрави продукти кои Виталиа ги нуди”, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска, менаџер и ко-сопственик на Виталиа.

Виталиа  оваа година слави јубилеј 25 години од своето основање, цврсто решена дека нејзината општествено одговорна улога ќе продолжи и понатаму, со уште поголем интензитет, покажувајќи лидерство и висока деловна одговорност, и почит кон локалната заедница.

BRAJOVA AZBUKA_SUPER COOKIES-04

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×