„Витаминка“ единствен учесник од Македонија на „Индагра фуд“ саемот во Романија
Објавено на од во Компании

Vitaminka 2„Витаминка“ беше единствената компанијата од Македонија присутна на еден од најголемите европски саеми за храна, „Индагра фуд“ во Романија, соопштуваат од компанијата.

Оттаму велат дека „Витаминка“ на овој саем ја претстави целата палета од своите производи и го привлече интересот на посетителите од секторот, вклучувајќи производители, трговци и сопственици на малопродажни ланци како и граѓани.

Според нив, секое саемско искуство носи нови сознанија и придобивки.

„Често сме присутни на саемските манифестации и се трудиме да ги следиме сите, затоа што досега оваа стратегија се покажала како продуктивна. Бројните придобивки започнуваат со изложувањето на производите и нивниот прв контакт со локалните потрошувачи или пак со дистрибутерите и трговците. Секој саем носи нови сознанија и заклучоци соодветно на географската и етнографската поставеност. Сето тоа нам ни дава вредни информации за подобро развивање и позиционирање на извесен производ на кој било странски пазар. Денес саемите во својата содржина вклучуваат и бројни дополнителни активности, така што стануваат интердисциплинарни едукативни и информативни настани, од каде може многу да се научи, а ние тоа максимално го користиме“, изјавија од „Витаминка“.

Меѓународниот трговски саем за прехранбена индустрија „Индагра фуд“, пак,  е една од најважните платформи за промовирање на компании и нивните производи од цела Европа. Поврзувајќи ги производителите и трговците од локалниот и соседните пазари, овој саем привлекува се повеќе компании кои својот напредок го гледаат во проширување кон странските пазари. На последното саемско издание своите производи ги имаа изложено повеќе од 150 компании, а манифестацијата беше посетена од над 10.000 посетители од секторската и општата, широката јавност. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×