Витаминка на Интерфуд 2017 ја зацврстува својата позиција и создава нови деловни можности
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Стартува Интерфуд 2017, најголемата саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија, а од македонските компании Витаминка и овој пат ќе ги претстави своите производи и производни програми.

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати што се одржува секоја година (сега по 16-ти пат) во Софија, е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа. Витаминка секоја година е присутна на овој саем и досегашното искуство ги потврдува предностите и бенефитите од присуството. Преку својата фирма во Бугарија, Витаминка веќе долго работи на афирмација на своите производи на локалниот пазар. Vitaminka na Interfood

„Секое учество на Интерфуд со инкорпорираните презентации, семинари, конференции, деловни состаноци, претставува своевидна бизнис платформа за компанијата во годината што следи. Овој саем во својот фокус ги има комуникацијата и соработката меѓу компаниите од сите земји, деловните и трговските делегации, подизведувачи, како и колективни странски учества, и точно тоа во досегашното наше искуство придонело за конкретни чекори и конкретни резултати од претставувањето тука. Веруваме дека и оваа година на Интерфуд ќе создадеме нови деловни и развојни можности за Витаминка“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор Извоз во Витаминка.

Покрај потенцијалните нови пазари и пласмани, Витаминка со претставувањето на своите производи ќе ја зацврсти позицијата на бугарскиот пазар каде Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и останатите производи на овој наш најголем кондиторски производител се веќе познати брендови и висококвалитетни производи.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×