Витаминка, Рамстор Мол, Здравје Радово, Випро … се брендови по вкусот на милениумците
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најновото истражување на ICERTIAS Best Buy Award MILLENNIALS 2017/2018 за наградата за најдобра зделка, спроведено во јуни 2017, покажува дека меѓу милениумците Витаминка ја има првата позиција за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот во вкупно 4 од сите испитани категории, со што таа има највисок резултат што некоја компанија го постигнала во истражувањето на пазарот за наградата Best Buy Award Millennials 2017/2018 во Македонија.

Истражување за наградата Best Buy Award Millennials 2017/2018 е направено преку анкета на Интернет за македонскиот пазар во текот на јуни 2017 година, на примерок од 1200 испитаници – милениумци од Македонија (на возраст од 18 до 37 години).

Рамстор Мол добил најмногу гласови во категоријата за најдобар мол, а Цермат ја има најдобрата позиција во категоријата на сладолед. Милениумците во Македонија исто така сметаат дека Здравје Радово е најдобар бренд во категоријата за млеко, а Випро најдобри во категоријата за конзервиран зеленчук во независното истражување на пазарот за тоа кој нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на пазарот во Македонија за наградата Best Buy Award Millennials 2017/2018.

Некои од победниците во другите категории се и Нектар (мармалад), Рамстор (меѓународен синџир на малопродажни продавници), Перфекс (тоалетна хартија), Гарние (шампон за коса), Лукоил (синџир бензински пумпи), Техномаркет (малопродажен синџир за апарати за домаќинството и кујната), Цептер (прибор за готвење и печење), Ленор (омекнувач за алишта), Доместос (средство за чистење на домот).

Милениумците, инаку, имаат, или за неколку години ќе ја имаат најголемата куповна моќ, што значи дека сега треба да е најважно за секој производител и давател на услуги да ја стекне довербата на милениумците пред конкуренцијата, пишува Форбс.

Истражувањето 2017/2018 ICERTIAS Best Buy Award Millennials (www.bestbuyaward.org) во Македонија беше спроведено од страна на швајцарската организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH (www.icertias.com).

Компаниите не можат самите да се пријават или номинираат за да бидат дел од истражувањето на пазарот за наградата Best Buy Award. Брендовите можат единствено да ја „заработат“ наградата Best Buy Award само ако нивните производи или услуги го освојат првото место (добијат најголем број на гласови од корисници/испитаници) во конкретната категорија од истражувањето. Кога одговараат за тоа кој им е омилен избор, испитаниците одговараат на отворени прашања, каде можат слободно да именуваат производи или услуги, со сопствени зборови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×