„Визер“ ја укинува доплатата за рачен багаж од 29 октомври
Објавено на од во Компании

wizzairНајголемата нискобуџетска авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа соопшти дека патниците од 29 октомври нема да плаќаат доплата за внесување поголем рачен багаж во патничката кабина на сите летови.

„За летовите пред 29 октомври 2017 година цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска торба (максимум 42x32x25 cm). Големите кабински торби и секој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси. За летовите oд 29 октомври 2017 година цените на нашите еднонасочни летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на вашиот рачен багаж (55x40x23 cm, максимално 10 kg). Cекој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси“, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на „Визер“.

Авиокомпанијата објави и нова услуга за патниците наречена „Виз прајорити“, која е достапна од денеска. Услугата вклучува приоритетно качување во авион, а патниците ќе можат во рачниот багаж да внесат и една дополнителна мала торба со максимални димензии 40x30x18cm.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×