Визер ќе добие уште 5 милиони евра субвенции за шест нови авиолинии од Македонија
Објавено на од во Компании

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ и во следните три години ќе добива финансиска поддршка за евтини авионски линии од аеродромот Александар Велики во Скопје и од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Веќе од јуни годинава „Визер“ ќе воведе нови шест авионски директни линии од Скопје за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен. До овие градови авионите на компанијата од Скопје ќе летаат два пати неделно.Од охдридскиот аеродром пак „Визер“ ќе лета два пати неделно за Базел.

Билетитете за новите шест дестинации ќе бидат пуштени во продажба во февруари.

Визер во декември 2014 година преку јавен повик кој го објави македонската Влада беше избрана за нискотарифна авиокомпанија. Компанијата во следните три години ќе добие субвенции од околу 5 милиони за нови шест евтини авиолинии од Скопје и Охрид.

Ова е втор конкурс за субвенционирање на авиосообраќајот откако Владата почна со оваа практика во 2012 година кога од буџетот на авиокомпанијата Визер и беа исплатени субвенции од 5 милиони евра за евтини летови кон повеќе авропски градови во периодот од 2012 до 2015 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×