Визијата на Илон Маск за човечка колонизација на Марс
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС
elon_musk_portrait_by_lewis3222-d51e46sПокрај развојот на неколкукратните ракети, електрични автомобили, револуцијата со соларната енергија, тој исто така е прилично гласен за воспоставување на човечка колонија на Марс. Целта на оваа негова последна визија е да се обезбеди преживување на човечката раса преку креирање на резервна локација на Земјата.

Илон Маск никогаш не бил од оние луѓе кои долгорочните планови ги чува само за себе. Покрај развојот на неколкукратните ракети, електрични автомобили, револуцијата со соларната енергија, тој исто така е прилично гласен за воспоставување на човечка колонија на Марс. Целта на оваа негова последна визија е да се обезбеди преживување на човечката раса преку креирање на бекап локација.

Во јунското издание на New Space беше објавен неговиот есеј под наслов “Making Humans a Multi-Planetary Species” (“Како луѓето да се направат мулти-планетарна раса”), во кој тој ги објаснува  сите аспекти од неговата предлог идеја за мисија на Марс. Овој текст е всушност скратена верзија од презентацијата на Маск за време на 67-от Конгрес на Меѓународниот Астронаутски Конгрес, кој се одржа во септември 2016 година во Гвадалахара, Мексико, а во која се содржани неговите размислувања како колонизацијата на Марс да се реализира во овој век и кои прашања треба да бидат адресирани за тоа да се исполни. Во него се содржани и трошоците за праќањето на луѓе и опрема на Марс, техничките детали за ракетите и возилата со кои би се правело патувањето…Но, секако тој се осврнува и клучните филозофски прашања “Зошто да се оди?” и “Зошто токму Марс?”.

Mask-Mars-2-aПрвото прашање е еден од најзначајните аспекти на истражувањето на вселената. Се сеќаватe ли на легендарната изјава на Џон Ф.Кенеди “Ние избравме да одиме на Марс”?. Покрај обична декларација на намера, овој говор на Кенеди беше оправдување на администрацијата на Кенеди за сето време, енергија и пари кои беа одвоени за мисијата Аполо. Покрај се друго, говорот на Кенеди потенцираше зошто мисијата на Месечината бил благороден потег.
Одговарајќи за Марс, Илон Маск имаше сличен тон,потенцирајќи ја човековата потреба за преживување со проширување кон Вселената.

“Мислам дека има две основни патишта. Историјата ќе се развива во две насоки. Едниот е да останеме на Земјата засекогаш и некогаш да се случи некој настан за исчезнување на човештвото. Немам некое пророштво за аков катастрофичен настан, но историјата ни сугерира дека ќе има некој таков настан. Алтернативата е да станеме носители на цивилизацијата и мултипланетарна раса, што се надевам дека се согласувате, е правилниот начинкон кој треба да се насочиме”, смета Маск.

Но, објаснувањата зошто токму Марс, малку потешко се продаваат. Марс има многу сличности со Земјата, и затоа често се нарекува близнак на Земјата, заради што отсекогаш бил таргет за истражување. Но, има и некои толку големи разлики, кои долгорочниот престој на Марс го прават нималку привлечен. Заради што се наметнува прашањето зошто Марс би бил природен избор?

Mask-Mars-2sКако што објаснува Маск, близината на Марс до Земјата има големо значење. Секако дека Венера е поблиска до Земјата отколку Марс. Но, непријателската средина на Венера е многу добро документирана и вклучително и супер тешка атмосфера, висока температура која може да истопи и железо и дождови со сулфурна киселина. Меркур е исто така премногу жежок и без кислород.

Тоа според Маск, не остава со само две опции во блиска иднина. Едната е Месечината, на која е можно да има перманентна населба во следните години. Веќе има многу такви планови помеѓу разни меѓународни институции.

Но, споредено со  Марс, Месечината е посиромашна со ресурси, нема атмосфера и има големи разлики во поглед на гравитацијата и должината на денот. Тука лежи најголемата причина за да се оди на Марс, што е факт дека нашите опции се лимитирани и дека Марс е најсличен со Земјата во споредба со сите други тела кои ни се постигливи.

Mask-Mars-3“Ние сега веруваме дека многу поодамна Марс бил многу посличен со Земјата. Можеме повторно да го загрееме Марс, и повторно да има полесна атмосфера и течни океани. Марс е на оддалеченост од Сонцето колку половина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, па има пристојна светлина. Малку е ладно, но можеме да го загрееме. Атмосферата може да биде од корист, во основа CO2 со малку нитроген и аргон и уште некои други елементи во трагови, што значи со компресирање на атмосферата можеме да одгледуваме и растенија. Би било многу забавно да си на Марс бидејќи има гравитација која е 37% од онаа која постои на Земјата, па би биле способни да кревате тешки работи и да скокате наоколу. Исто така должината на денот е приближно исто колку и на Земјата. Само треба да ја промениме популациите, бидејќи моментално има седум милијарди луѓе на Земјата и ниту еден на Марс”, вели Маск.

Природно, не можеме да очекуваме ниту една мисија да се случи без потребните превозни средства. Тој за време на својот настап ги откри плановите на неговата компанија SpaseX за формирање на Интерпланетарен Транспортен Систем. Апдејтираната верзија на Колонијалниот транспортер Марс ( за кој Маск почна да зборува уште во2012 година) би се состоела од два главни делови-повеќекратен бустер за ракети и Интерпланетарно вселенско летало.

Процесот за пристигнување на Марс со овие компоненти би се состоел од неколку чекори. Прво, двете компоненти, бустерот за ракети и вселенското летало полетуваат заедно и леталото влегува во орбитата.  Потоа лансирачот за ракети се враќа на Земјата за повторно да се товари со танкер, кoj се лансира во вселената. Танкерот потоа се полни со гориво за патување кон Марс.

Овој процес ќе се прошири и ќе може повеќе вселенски летала да патуваат неколкукратно на Марс секои 26 месеци.

“Што се однесува до структурата на ракетата, таа ќе се состои од надворешност од напредни карбон влакна. Што се однесува до вселенското летало, тоа ќе може да собере до 100 патници или максимум би се зголемувало до 200 патници по лет во предниот дел, додека потребниот карго товар за да  изгради колонијата на Марс ќе бидат во долниот дел од леталото. Додека трае патувањето за да не им биде досaдно на патниците ќе има филмови, сали за предавања, кабини и ресторани. Движењето низ вселенското летало ќе биде забавно заради фактот дека ќе има нулта гравитација”, објаснува Маск.
Во рамки на вселенското летало ќе има и танкери со кислород.
Според проценките на Маск , Интерпланетарното вселенско летало ќе биде во можност да пренесува карго товар до 450 тони до Марс, а транспортот во еден правец од Земјата до Марс ќе трае 80 денови, со претпоставена брзина од 6 километри во секунда. Но, со текот на времето Маск се надева патувањето да се скрати на 30 денови. Неговите проценки се дека со сета оваа технологија ќе може да се воспостави прилично голема човечка колонија за релативно кратко време. Волшебната бројка се движи околу 1 милион луѓе, што би било една одржлива колонија на Марс.

Тој признава дека ова е прилично голем предизвик и дека би можело да помине еден век додека не се комплетира целосно.

“Ако можете да одите на секои две години и ако имате капацитет од 100 луѓе по едно вселенско летало, тогаш би ни биле потребни околу 1.000 летала за да се заврши оваа мисија. Мора да се признае дека ќе биде потребно време за да се изградат 1000 летала. Колку време ќе биде потребно да се достигне таа бројка од милион луѓе, од моментот на полетувањето на првото летало кон Марс, ако се имаат во предвид сите овие работи, тогаш сигурно ќе бидат потребни од 40 до 100 години за да се изгради една одржлива цивилизација на Марс “, објаснува Маск.

Кога Интерпланетарниот транспортен систем ќе биде готов, лансирањето ќе се прави на Кенеди Спејс Центарот во Флорида, кое моментално фирмата на Илон Маск, SpaceX го користи за лансирање на нивните ракети.

Секако најголемата печка околу човечката колонизација на Марс е трошокот на мисијата. Од денешен аспект, користејќи ги моменталните методи, праќањето на 1 милион луѓе на Марс е мисија која едноставно не можеме да си ја дозволиме. Бидејќи според проценките на Маск, трошокот за Мисијата на Марс би чинела околу 10 милијарди долари по човек, а целиот трошок на мисијата би изнесувал помеѓу 100 до 200 милијарди долари. Тоа според сите пресметки е преголем трошок за креирање на човечка колонизација од  милион луѓе на Марс.
Целта на Маск е да се намали трошокот за транспортирање на луѓе на Марс. Тој е фокусиран кон намалување на трошоците поврзани со лансирањето на ракети и од таа причина тој ја креирање компанијата Space X и почна со развивање на технологија кој би можела неколкукратно да се користи.
Како и да се трошоците за карта до Марс би требало да се намалат до ниво колку што чини една просечна куќа или околу 200.000 долари.
Има неколку стратегии како ова може да се направи, кои веќе се разгледуваат од страна на Маск и НАСА. Тие вклучуваат целосна и неколкукратна искористливост на ракетата и карго модулот. Полнењето со гориво во орбитата е втора фаза, што значи дека вселенското летало нема да мора да го носи целото гориво се себе уште од Земјата.

И на крајот мора да се воспостави некаква опција за полнење со гориво на вселенското летало да се прави и на Марс за повратното патување кон Земјата. Овој концепт бил истражуван и порано за мисиите на Месечината и Марс. И во случајот на Марс,присуството на атмосферски и смрзнат CO2 и вода и во земјата и на деловите кои се покриени со мраз, би значело дека горива од метан, кислород и водород би можеле да бидат произведени.

Има и дилеми околу тоа кое гориво би било најдобро, керозин, водород и метан. Сите овие имаат свои предности и би можеле да се произведат на Марс. Но, според кост-бенефит анализата, Маск тврди дека метанот би бил најефикасно гориво.
Како и секогаш, Маск го покренува прашањето за времето со кое би се случувале следните чекори. Според него, развивањето на Интерпланетарно вселенско летало би можело да се реализира во следните четири години, по што ќе следат суборбитални тест летови. Исто така, интерпланетарното летало би можело да се користи и за комерцијални летови за брз карго транспорт низ светот. За да се стават сите компоненти од процесот на транспортирање на луѓе на Марс би бил потребен период од околу 10 години.
Илон Маск се надева и на други мисии и на други дестинации низ соларниот систем, како месечините на Јупитер и Сатурн и некои други дестинации, на кои ако не човечки колонии би можеле да се постават станици за производство на гориво од кои би се дополнувале вселенските летала на патот до подалечни летови во соларниот систем

Објавувањето на овој есеј на Маск во јавноста предизвика различни реакции, од одобрување до скептицизам.

Но, Илон Маск е познат по неговите големи идеи и сонови. Ќе биде многу интересно да се види дали тој ќе може својата компанија SpaceX, која ја основаше пред 15 години, да ја стави во функција на истражувањето на Марс и да стане предводник на процесот на човечка колонизација на Марс.

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×