Вкупни резултати: СДСМ 57 градоначалници, ДУИ 10, ВМРО-ДПМНЕ 5
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со денеска освоените 19 градоначалнички места (според првичните резултати од вториот круг на локалните избори) СДСМ вкупно (со градоначалниците избрани во првиот круг како кандидати на оваа партија, а на број се 38) има 57 градоначалници.

ДУИ, која во првиот круг доби градоначалници во 2 општини, денеска се радуваше во 8, и локалните избори ги заокружи со вкупен резултат од 10 градоначалнички места.

ВМРО-ДПМНЕ денеска победи во 2 општини, и има вкупен резултат 5 градоначалници.

Алијансата за Албанците на денешниот втор круг освои 3 градоначалнички места (во првиот круг не освои ниту едно); БЕСА денеска го доби единствениот градоначалник, исто како и ДПА. Независни кандидати станаа градоначалници на локалните избори во три општини, а прв човек на општина кандидиран од неа доби и Демократската партија на Турците.

СДСМ денеска победи во Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Шуто Оризари, Штип, Виница, Демир Капија, Пробиштип, Градско, Росоман, Чашка, Македонски Брод, Јегуновце, Новаци, Могила, Старо Нагоричане, Македонска Каменица, Карбинци и Чешиново-Облешево.

ДУИ во Тетово, Струга, Дебар, Сарај, Чаир, Долнени, Липково и Теарце.

Алијансата за Албанците во Гостивар, Врапчиште и Боговиње.

ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци и Зрновци.

БЕСА во Желино, ДПА во Студеничани, а независен кандидат (Енвер Пајазити) во Брвеница.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×