Вкупно 6.374 лица се вработени со ланскиот оперативен план за вработување
Објавено на од во Економија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес-конференција рече дека е задоволна од реализацијата на планот нагласувајќи дека е особено значајно што од вкупниот број опфатени лица,  3.359 или 53 % се млади до 29 години.

carocska-jovanovska

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот лани биле опфатени 6.374 лица. Реализирани се 95 отсто од планот, а за неговото спроведување се потрошени приближно милијарда денари.

– Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година претставува одличен пример за родова еднаквост, во него 54 % односно 3456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инкузивност на жената на пазарот на трудот – рече Царовска.

 Во Програмата за практиканство биле вклучени 1.263 невработени лица до 34 години. Утврдено е дека таа мерка дава високи резултати и е преточена во закон кој е во собраниска процедура.

Со мерката Младинска гаранција која стартуваше како пилот-проект минатата година биле вклучени 5.266 лица, од кои 34% се вработиле по четири месеци од вклучувањето во Агенцијата за вработување. Во Оперативниот план за годинава што наскоро треба да биде усвоен од Владата се планира проширување на оваа мерка наместо во само неколку градови во три региони.

Според директорката на АВРМ Билјана Јовановска, лани имало голем интерес за програмите и мерките што овозможуваа директно вработување. Преку Програмата „Самовработување“ сопствен бизнис отвориле 1.191 лице, мерката „Субвенционирање плати“ овозможила да се вработат 759, а преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ работни места добиле 374 лица. Во програмата за општинско-корисна работа учествувале 703 лица, кои обезбедувале социјални услуги во 56 општини во државата, најмногу како образовни и лични асистенти. Преку Законот за вработување инвалидни лица се доделени финансии за работен ангажман на 209 лица, додека во обуките за побарувани занаети учествувале 100, а за побарувани занимања 239 лица.

– Голем беше интересот кај невработените лица за учество во обуките за стекнување компјутерски вештини,  при што за основни компјутерски вештини се пријавиле 139 лица, а 100 за напредни вештини – рече Јовановска.

Одговарајќи на новинарски прашања во однос на барањата за квалификуван кадар на пазарот на труд, упати на последната анкета на АВРМ меѓу работодавачите во која 62 проценти од 1882 анкетирани рекле дека имаат потреба од 18.000 вработувања. Се бара ангажман на машински и градежни инжинери,  економисти,  технички оператори, електротехничари, комерцијалисти, администратори,  шивачи,  продавачи, касиери, келнери, градежни работници, готвачи, заварувачи и браварии  хигиеничари, чевларски работници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×