Владата бара рудниците да плаќаат повеќе во Буџетот, за концесионерите било премногу
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Chino_copper_mineМинистерството за економија предлага да се зголеми концесискиот надомест што го плаќаат компаниите што експлоатираат металични и неметалични суровини, но за концесионерите било премногу.

Според првичниот предлог на Министерството за економија, се планира надоместокот за експлоатација на метали да се зголеми од сегашните 2% на 3,5% од приходите од продажба на компаниите.

“Ние сметаме дека компаниите што го користат националното природно богатство треба да уплатуваат поголем удел во државниот и општинскиот буџет. Сегашниот надомест од 2% е премал, а тарифникот според кој е утврден овој надомест не е изменет одамна. Овие пари ќе се трошат наменски и тоа за животна средина, здравство и подобро образование“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

Од друга страна пак, заменик генералниот директор на Бучим којшто е претставник на Стопанската комора, Николајчо Николов, истакна дека тие прифаќаат зголемување на надоместокот, но не толкаво.

„Се согласуваме дека треба да плаќаме поголем надомест за експлоатација на рудата, но според првичниот предлог, надоместокот е преголем. Ние предложивме да се направи комбинација, односно концесионерите коишто експлоатираат руда побогата со минерали да плаќаат поголем надомест“, истакна Николов и додаде дека минатата година Бучим остварил приходи од околу 70 милиони евра, што значи дека на државата и платиле надомест од 2% што е околу 1,4 милиони евра, додека пак добивката за компанијата изнесувала 20 милиони евра.

Според истражувањето на Капитал, сите 12 концесионерина металични суровини во 2017 година експлоатирале метална руда во вредност од 180,8 милиони евра. Од нив, само 4,95 милиони евра или 2,74% уплатиле во државната каса како надоместок за концесијата, додека пак, дури 38% им останале како профит, односно 68,9 милиони евра. Со други зборови, за компаниите богатството, за државата трошки.

Овие 12 концесионери, пак, вработуваат вкупно 2.175 луѓе, што е далеку помалку од бројките со коишто рударските здруженија лицитираа во јавноста и достигнуваа и до 13.500 вработени. Додадената вредност што ја создаваат изнесува 108 милиони евра и тоа значи дека уделот на активните рудници за метални суровини во вкупниот бруто домашен производ (БДП) е само 1,3%. За споредба, додадената вредност на секторот земјоделство, шумарство и рибарство, според податоците од Државниот завод за статистика, изнесува 923,9 милиони евра, што е осум и пол пати повеќе отколку додадената вредност во секторот вадење на метална руда и учествува во БДП со 10,9%.

Во однос на актуелното прашање околу отворањето на рудникот Иловица, министерот за економија Бектеши најави дека веќе утре заедно со премиерот Зоран Заев ќе имаат средба со претставници на еколошките здруженија и граѓаните од овој регион, но истакна дека Владата нема да дозволи да се отвори овој рудник додека не се остварат сите стандарди што ќе спречат каков било ризик за животната средина.

Директорот на Бучим, Николов, изјави дека ги разбира стравувањата на граѓаните а сега поткрепени и со несреќата што се случи со излевањето на браната во рудник Брумадињо во Бразил, па предлага да се направи централизирана преработка на рудата, односно тоа што ќе се ископува во Иловица да се преработува во Бучим.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×