Владата до крајот на годината ќе се задолжи за 500 милиони евра со еврообврзница
Објавено на од во Финансии

Владата до крајот на годината повторно ќе издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 500 милиони евра. Парите ќе се користат за покривање на буџетските дефицити оваа за следната година и за рефинансирање на старите долгови. Рокот на достасување на еврообврзницата ќе биде до 10 години, а ќе биде издадена преку лондонското претставништво на Deutsche bank.

Одлуката за издавање на еврообврзницата е веќе објавена во „Службен весник“.

„Еврообврзницата се издава за буџетска поддршка во 2015 и 2016 година и за рефинансирање на обврските што достасуваат за отплата на државниот долг на Македонија. Вкупната номинална вредност на еврообврзницата изнесува до 500 милиони евра или противвредност во американски долари. Министерството за финансии плаќа камата на еврообврзницата еднаш годишно“, стои во одлуката.

Ова е четврти пат Македонија да се задолжува со еврообврзница. Последен пат лани Владата со еврообврзница позајми 500 милиони евра со камата од 3,97% и рок на доспевање од седум години.  Во 2009 година беше издадена еврообврзница од 175 милиони евра, која достаса по 3,5 години. Првата еврообврзница е издадена во 2005 година на износ од 150 милиони евра и таа беше отплатена. Вкупното салдо на задолжување на државата со еврообврзници од 2005 година до сега (сосе четвртата најавена) е 1,325 милијарди евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×