Владата ги намалува трошоците за брзите потрошувачки кредити
Објавено на од во Економија

sednica-vlada-1Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, соопшти Владата.

Целта на предлог–законот е да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити. Со тоа, корисниците на кредити нема да плаќаат прекумерни трошоци и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на корисниците на кредит коишто имаат проблеми со отплата на истиот.

Намалувањето ќе биде најзначајно кај кредитите во кои се одобруваат мали износи,  со кратки рокови на отплата, т.н. „брзи кредити“.

„За да ги заштитиме граѓаните, а воедно и да го намалиме ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ги направивме овие законски измени. Со нив се намалуваат и вкупните трошоци за кредитите. Со измена на законот, сега вкупните трошоци на кредитот се лимитираат на 55%, или 5 пати по стапката на казнената камата од 11%. За споредба, претходно не постоеше лимит, така што давателите на кредити за мали износи и куси временски рокови наплаќаа двојно или тројно повисока сума на трошоци од главнината. На пример, за земен кредит од 12.000 денари на два-три месеци, граѓаните требаше да вратат 36.000 денари“ , рече заменик министерката за финасии Ширет Елези  на заедничката  средба со претседателката на Организацијата за заштита на потрошувачите, Марјана Лончар, на која беа презентирани измените на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×