Владата ги олесни условите за субвенциониран авиопревозник  
Објавено на од во Економија

wizzairНовиот тендер за субвенционирање евтини летови ќе биде со олеснети услови, соопштија од Владата. Од Министерството за транспорт и врски очекуваат тендерот да биде објавен уште во текот на следната недела.

Ова ќе биде трет јавен повик, откако претходните два пропаднаа поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Разликата е што во овој тендер се продолжува времето за воспоставување по две нови дестинации за летање од Скопје и Охрид. Овој пат рокот е до 26 март идната година. Во претходните два тендери крајниот рок беше 10 јануари.

“Очекуваме дека овој трет повик ќе биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе продолжат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетските авиокомпании кои што ќе работат во Македонија”, информира Миле Бошњаковски, портпарол на Влада на РМ.

На двата тендери до сега, единствена компанија што аплицираше беше нискобуџетската Виз Ер. Нивната документација првиот пат беше некомплетна, а на вториот тендер не го испочитуваа токму крајниот рок, што сега е променет, за воведување нови авиолинии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×