Владата ги разреши сите управни и надзорни одбори во јавниот сектор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата на Република Македонија на вчерашната седница усвои решенија за разрешување на  членовите на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, на јавните здравствени установи, на јавните установи за социјална работа, на агенции и на други правни лица.

„Со цел да спречи понатамошни штети по Буџетот на Република Македонија од неодговорното однесување на дел од членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, за кои постојат информации дека биле потпишувани штетни менаџерски договори и дека биле именувани луѓе на менаџерски позиции со надоместоци со астрономски износи, Владата на Република Македонија усвои решенија за разрешување на членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, јавните здравствени установи, јавните установи за социјална работа, агенции и други правни лица. Исто така, одлучено е да се отповикаат членови на комисии и членовите на секој надзорен одбор и одбори на директори од акционерските друштва во државна сопственост, а за Регулаторните тела да се достави предлог за разрешување на управните одбори до Собранието на Република Македонија“, стои во соопштението од Владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×