Владата го распиша тендерот за универзален снабдувач на струја за домаќинствата
Објавено на од во Економија

SnabduvacОбјавен е тендерот за избор на универзален снабдувач на струја, кој од март следната година треба да ги снабдува домаќинствата со електрична енергија. На повикот може да се јават компании кои имаат лиценца за снабдување со електрична енергија, но условите за учество се компанијата да располага со 20 милиони евра оперативен капитал или да има поддршка од друг субјект што ќе понуди гаранција во тој износ. Исто така, компанијата треба да има и развиен систем за испорака на сметки до потрошувачите. Во Македонија има 28 компании лиценцирани за снабдување со струја, но покрај овие домашни компании на тендерот ќе можат да се јават и странски компании во партнерство со некоја од лиценцираните компании.

Повикот ќе биде отворен до 03.12.2018 година, по што до крајот на годинава треба да се одбере компанијата според критериумот најниска маржа. Универзалниот снабдувач ќе биде избран за период од 5 години, а на овој начин се граѓаните се заштитуваат од ценовни шокови до 2025 година.
„Со стариот Закон за енергетика, крајните корисници беа заштитени од ценовни шокови до 2020 година, сега со донесувањето на новиот Закон и воведувањето на универзален снабдувач, стабилноста во снабдувањето и цените за истите ќе бидат обезбедени до 2025 година. Владата преку домаќинското работење на ЕЛЕМ ќе го обезбеди ова, односно ЕЛЕМ е задолжен да понуди 80% од своето производство за потребите на универзалниот снабдувач во 2019 година, секоја година понудената количина ќе се намалува, што значи дека во 2025 година 30% од своето производството ЕЛЕМ ќе има обврска да понуди за потребите на универзалниот снабдувач“, појасни Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потенцираше дека со новиот Закон за енергетика за првпат се дава можност на микро, малите и средни компании, односно компаниите кои се сметаат за помали тарифни потрошувачи, да излезат на слободниот пазар за електрична енергија и на тој начин да ги намалат своите фиксни трошоци.

Со воведување на новиот Закон за енергетика се добива повисока конкурентност, односно сега може да очекуваме компаниите кои се занимаат со снабдување со електрична енергија да се борат за нови клиенти, што е во интерес на потрошувачите. За снабдување на домаќинствата, во моментов, доволно е од 40%-50% од вкупното производство на државните електрани. Всушност, преку домаќинското работење на ЕЛЕМ, каде државата ја дефинира цената за производство на електрична енергија, до 2025 година им се гарантираме сигурност на сите кои ќе ги користат услугите на универзалниот снабдувач“, посочи Бектеши.

Изборот на универзален снабдувач ќе се одвива преку електронска аукција, се очекува да биде избран до крајот на 2018 година, а да почне со работа веќе во март 2019 година, согласно законски пропишаните рокови.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×