Владата и општините со најмалку капитални инвестиции досега
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

AML_6714

Податоците на Министерството за финансии за првиот квартал покажуваат дека Владата и општините инвестирале во капитални објекти само 43,6 милиони евра, што е 56,6% помалку отколку истиот период лани.

Владата и општините инвестирале драстично помала сума на пари во изградба на капитални објекти годинава. Податоците на Министерството за финансии за првиот квартал покажуваат дека во капитални објекти вложени се само 43,6 милиони евра, што е 56,6% помалку отколку истиот период лани.

Нема податок колку пари биле предвидени да се инвестираат во овој период за да се спореди колку реализацијата отстапува од планот.

Забавувањето на капиталните инвестиции делумно се должи и на запирањето на неколку клучни инфраструктурни проекти, како што е автопатот Кичево – Охрид, меѓутоа, властите најавија дека се очекува овој автопат да продолжи да се гради и ќе биде готов 3,5 години подоцна од првично предвиденото, односно до 2021 година.

Слабата реализација на капиталните инвестиции е хроничен проблем со години. Анализата на податоците од завршните сметки на буџетот во последните десет години, покажува дека таа не надминува над 80% од планираното. Минатата година е рекордна во тој поглед, кога се инвестирале вкупно 323 милиони евра, односно 83,6% од предвидените пари.

Меѓународните финансиски институции постојано предупредуваат инвестициите во инфраструктурата да не се кратат оти се клучни за земјите во развој како Македонија да создадат основа за побрз економски раст и сугерираа властите да ги преструктуираат јавните расходи. Наспроти тоа, редовна пракса во Македонија со години, особено најтурбулентните во време на финансиска криза кога имаше постојана потреба од кратење на трошења од буџетот, властите прво посегнуваа токму по оваа ставка.

Земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија имаат недоволно развиени транспортни, електрични и телекомуникациски мрежи, во споредба со просекот на Европската Унија а затворањето на јазот во јавната инфраструктура ќе му помогне на регионот да ги достигне животните стандарди на Западна Европа, оценува ММФ во својот последен извештај. Аналитичарите на ММФ велат дека ќе биде потребно зголемено финансирање и од домашни и од странски извори како и подобро планирање и имплементација на јавни инвестициски проекти.

„ММФ ја идентификува основната јавна инфраструктура што недостасува во регионот како значајна пречка за повисок економски раст. Подобри транспортни, енергетски и телекомуникациски мрежи ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан да ја зголемат продуктивноста, да се интегрираат подлабоко во крвотокот на глобалната трговија и да ја подобрат атрактивноста на регионот за странските инвестиции. Анализата покажува дека регионално координиран притисок врз јавната инфраструктура, заедно со подобро управување на конкретните проекти, би можело значително да го зголеми приходот по глава на жител. Долгорочната добивка на реалниот БДП по човек би можела да достигне и до 3-4 процентни поени“, оценува ММФ.

Но, достигнувањето на инфраструктурните нивоа на ЕУ е тешко: јавните инвестиции бараат прилично големи буџетски ресурси и силни институционални рамки кои го регулираат изборот, извршувањето и следењето на проектите. Овие два услови во голема мера, според ММФ недостасуваат во земјите на Западниот Балкан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×