Владата издаде евробврзница од 650 милиони евра, за неполна година Македонија задолжена за 920 милиони евра
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонската Влада во Службен весник ја објави одлуката за задолжување на земјата за 650 милиони евра преку издавање на обврзница деноминирана во евра.

Новото задолжување ќе се реализира во текот на оваа година. Парите ке се користат за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и следната година и за рефинансирање на старите долгови. Еврообврзницата ќе се отплаќа за период од 10 години и ќе биде издадена преку претставништвото на Дојче банк во Лондон.
Во одлуката уште се наведува дека еврообврзницата ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската берза за хартии од вредност.

Euro_coins_and_banknotesРојтерс објави декапочнувајќи од 11 јули ќе бидат организирани серија средби со инвеститори во Велика Британија и САД кои би биле потенцијални купувачи на должничките хартии од вредност кои ќе ги издаде Македонија на меѓународниот финансиски пазар.
Македонија е прва држава која излегува на меѓународниот финансиски пазар со издавање на обврзница во евра по Брегзит, заради што многу аналитичари задолжувањето на Македонија го гледаат како тест на европските финансиски пазари.

Моменталниот рејтинг кој Македонија го има како држава е BB-од страна на Standard & Poor’s и рејтинг BB+ од Fitch.

Македонија последен пат издаде еврообврзница во ноември 2015 година кога се задолжи со 270 милиони евра со рок на доспевање од 5 години со камата од 5,125%, од кои 150 милиони евра беа употребени за враќање на еврообврзницата која беше издадена во 2005 година, а која доспеа во декември 2015 година.

Во 2014 година на меѓународните пазари се задолжи за 500 милиони евра по камата од 4,25% со рок на отплата од 8 години, односно таа достасува за наплата во 2021 година.

Претходната еврообврзница од 150 милиони евра која беше издадена во 2005 година, а беше со камата од 4,625% и беше отплатена во декември минатата година.
Значи во период од две и пол години, заедно со новата еврообврзница од 650 милиони евра, Македонија ќе се задолжи во странство за 1,42 милијарди евра.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×