Владата ќе ја разгледа Предлог-дополнетата програма за субвенции во земјоделството
Објавено на од во Економија
Владата денеска ќе ја одржи 160. седница на која ќе ја разгледа Предлог-програмата за дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година.
subvenciiНа предлог на Фондот за иновации и технолошки развој ќе биде разгледана информацијата со Програма за измени и дополнувања на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година.
Министерството за здравство ќе ја презентира информацијата со акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници, а Министерството за труд и социјална политика информацијата за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава.
Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за степенот на реализација на Акцискиот план за 2019-2020 година за реализација на Стратегијата за иновации на Република Македонија за 2012-2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×