Владата ќе субвенционира клима уреди за да се намали греењето на дрва
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Владата ќе го субвенционира целиот износ до 60.000 денари за купување на нова клима инвертер за замена на печките на цврсто гориво.
air-conditionerСубвенциите ќе се покријат од буџетот на ЕСМ, аспоред планот за оваа мерка ќе се потрошат од 3 до 4 милиони евра.
Ќе се субвенционира вградување на инвертор клима системи за загревање на домаќинствата како супституција на огревното дрво, но не повеќе од 60.000 денари, најави денеска директорот на АД ЕСМ Васко Ковачески.
„АД ЕСМ како профитабилна компанија доби обврска од Владата дел од средствата што ги има од минатата година како капитална добивка да ги вратиме од граѓаните кај граѓаните. Во најскоро време ќе добиеме заклучок со кој ќе бидеме обврзани како компанија да субенционираме во делот на инверторите и замената на нееколошките традиционални системи за греење, односно дрвата кои треба да се исклучат од семејствата, а за сметка на тоа да добијат целосно субвенционирање на инвертор клими кои ќе го намалат загадувањето и ќе го подобрат амбиенталниот воздух во државата“, изјави Ковачески по денешната средба во Министерството за економија со ресорниот министер Крешник Бектеши на која се разговараше за тековните проекти во енергетиката.
Ковачевски посочи дека се додека не го добијат заклучокот од Владата не можат да дадат попрецизни информации, но додаде дека како компанија можат за таа намена да одвојат три до четири милиони евра.
Мерката, како што информира министерот Бектеши, ќе почне да се спроведува како пилот проект во четири града и тоа Битола и Кичево како градови во кои има термоелектрани, Скопје како главен град и Тетово како еден од најзагадените во земјава.
„Во зависнос од  интересот и ефектот на оваа мерка за наредната година ќе предвидиме и дополнителни средства кои ќе бидат проширени и на останатите градови“, потенцира Ковачески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×