Владата на Романија се откажа и од планот да ја замени уредбата со закон
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерството за правда на Романија се откажало од планот да го измени Кривичниот законик во Парламентот, откако Владата ја повлече уредбата што не успеа да помине како таква. Зашто, и покрај тоа што во неделата Владата ја повлече спорната уредба со која од радарот за борба со корупцијата требаше да се скријат десетици политичари, вечерта во целата држава излегоа на протести над половина милион луѓе.

Телевизијата Digi24 TV цитираше изјава во која се вели дека „Министерството веќе нема да работи на предлог-законот за измени и дополнувања на законот No.286/2009, дел од Кривичниот законик, и на законот 135/2010, во однос на Законот за кривична постапка“.

Премиерот на романската Влада, Сорин Гриндеану, откако објави повлекување на спорната владина уредба, го повика министерот за правда да подготви предлог-закон што ќе биде испратен во Парламентот за пратениците да дебатираат по него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×