Владата на Ципрас размислува договорот за името во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најблиските соработници на грчкиот премиер Алексис Ципрас размислуваат евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство од 180, место досегашните 151 пратеник, што како предлог веќе се наоѓа на маса, наведуваат грчките медиуми.

Информативните портали In и Eurotoday пишуваат дека во кабинетот на Ципрас постои дебата за тоа договорот да пристигне во Парламентот, но да биде усвоен од 180 пратеници, пренесува дописничката на МИА од Атина.

„Доколку постои договор за името со ПЈРМ, соработниците на премиерот разговараат за тоа договорот да го достават за гласање во Парламентот и да се одобри, но не со обично мнозинство. Дискусијата сега се води да се побара зголемено мнозинство од 180 пратеници. Ова е поради теоријата дека станува збор за меѓународен договор и не треба да биде усвоен со обично мнозинство“, пишува порталот In.

Со слична анализа е и Eurotoday. „Никаква уставна одредба не го обврзува грчкиот премиер да ја постави границата на 180 пратеници, но како што објаснува негов близок соработник, решавањето на едно национално прашање, што е нерешено 25 години, можеби и да не дозволува обично мнозинство“, пишува порталот Eurotoday.

Токму прашањето за изгласување на евентуалниот договор со зголемено мнозинство од 180 пратеници беше упатено до портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, на брифингот одржан пред две седмици.

„Штом ќе се постигне договор грчката Влада ќе го соопшти начинот на кој договорот ќе се достави во грчкиот Парламент“, рече Ѕанакопулос на 20 март на брифингот со новинарите.

Грчкиот Парламент го сочинуваат 300 пратеници, од кои 154 се од владиното мнозинство на СИРИЗА и Независни Грци. Најчесто, доколку нема барање за зголемено мнозинство, за еден закон или одлука да се изгласаат во грчкиот Парламент се потребни 151 пратеник. Доколку се потврдат написите во медиумите и грчкиот премиер побара 180 позитивни гласови, останува отворено прашањето дали евентуалниот договор за името, би бил изгласан од Парламентот, со оглед на тоа како во овој момент стојат работите во Грција и судејќи според јавните изјави, Независни Грци и Сојуз на централисти се против име со вклучен терминот Македонија, додека пак, Нова демократија, Река и Демократска алијанса, засега не ги отвораат картите како би гласале, но упатуваат и критики до Владата за начинот на кој управува со прашањето за името.

Останува енигма и дали можеби дел од партиите ги смениле нивните позиции по средбите со шефот на грчката дипломатија, кој како што веќе објави МИА, во изминатите три дена ги брифираше лидерите на политичките партии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×