Владата одлучи да им ги покачи платите за 35% на јавните обвинители и судиите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

sudstvoВладата одлучила по итна постапка да ги награди јавните обвинители и судиите со плати повисоки за 35%. Како што стои во предлог законот, целта е да се зајакне самостојноста на јавното обвинителство и на судовите.

Според проценките, ова законско решение дополнително ќе го оптовари буџетот за 20 милиони денари, односно 325 илјади евра.

Зголемувањето на платите е вака дефинирано во новото дополнување: за работа подолга од полното работно време повисока плата за 35%, за работа во деновите за празници  50%, а јавниот обвинител освен редовната плата, ќе има право на додаток за посебни услови ра работа, постоење на висок ризик и доверливост.

За сето ова надлежен ќе биде и евиденцијата ќе ја води, Марко Зврлевски, јавен обвинител на РМ, по претходна согласност од министерот за финансии.

Истото покачување го добиваат и судиите. Во образложението на Законот се повикуваат на универзалната повелба на судиите усвоена од страна на меѓународната асоцијација на судии во 1999 година, во која е наведено дека судиите требале да примаат доволно плата за реално да се заштити нивната економска независност и тоа било заедничка заложба за независно и ефикасно судство.

Зголемените плати ќе го зголемат достоинството и одговорноста на судиите, стои во предлог решението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×