Владата откри колку не’ чинеле странските инвестиции: точно 225 милиони евра
Објавено на од во Економија
Претходната Влада потрошила точно 25,8 милиони евра за кеш грантови дадени на странските инвеститори, 69,5 милиони евра е вкупниот износ на даночни ослободувања, додека 130,4 милиони евра се дадени за различни трошоци за привлекување на странските инвеститори
^6578B693320099250A83B2DF303E2C8A38ACD1F9A8688B49F5^pimgpsh_fullsize_distr

 

 

 

 

 

 

Преку 225 милиони евра потрошила минатата влада на Никола Груевски за 25 странски компании коишто вработиле 20.000 луѓе во периодот од 2007 до 2017, презентираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

„Ова е сумираниот резултат од декласификацијата на договорите склучени во затворен круг, кои биле затворени за јавноста. Договори со кои се игнорирало македонското стопанство. Сакаме да појасниме дека не постоел документ или водич со јасни критериуми за преговарање, или барем ние не го најдовме. Критериуми не постоеле. Преговарале министри, советници, промотори… без никакви критериуми“, рече Бошњаковски, презентирајќи го документот “Анализата на трошоци – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2007 – мај 2017“.

Според овие бројки, излегува дека Владата потрошила нешто повеќе од 11.000 евра по работно место.

Претходната Влада потрошила точно 25,8 милиони евра за кеш грантови дадени на странските инвеститори, 69,5 милиони евра е вкупниот износ на даночни ослободувања, додека 130,4 милиони евра се дадени за различни трошоци за привлекување на странските инвеститори, сума за којашто ќе биде одржана посебна прес конференција, како што најави владиниот портпарол. Сите овие трошоци ги правеле Агенцијата за странски инвестиции, Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони и директно Владата на РМ.

Странските инвеститори биле ослободени и од плаќање на вкупно 69 милиони евра преку ослободување од даночни и царински давачки. Бошњаковски посочи дека според владината анализа, само 1% од набавките на странските компании доаѓале од македонски добавувачи.

Уште 130 милиони евра од Буџетот се потрошени на привлекување странски инвестиции, за што портпаролот на Владата најави посебна пресконференција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×