Владата подготовува Патоказ за клучните реформски приоритети за евро-атлантските перспективи
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата на Македонија на вчерашната седница утврди насоки за реализација на итните реформски приоритети важни за евро-атлантските интеграции на Македонија.

Уште од денеска, работни групи на различни владини нивоа ќе почнат со дефинирање сет мерки за краткорочен, тримесечен план, како и за среднорочни планови од 6 и 9 месеци, за реализација на клучните реформски приоритети на Македонија.

Станува збор за изготвување документ – Патоказ, со дефинирани обврски на Владата во делот на реформскиот процес важен за евро-атлантските интеграции. Владините активности ќе се базираат на нотираните приоритети во разговорите што премиерот Зоран Заев ги имаше во Брисел (во понеделникот) со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, како и согласно забелешките на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе.

Заев информирал до Владата дека постои сериозна заинтересираност од Европската унија за евроинтеграциските перспективи на Македонија. Во таа насока побарал сериозна посветеност од сите министри кон потребниот реформски процес.

На владината седница, согласно пораките и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, констатирано било дека реализацијата на клучните реформи во земјава води кон рестартирање и на односите со Алијансата и отвора перспективи и за членство на Македонија во НАТО.

Како некои од клучните мерки се посочени обезбедувањето професионални институции, владеење на правото, услови за објективно функционирање на медиумите, антикорупциски мерки. Исто така, констатирана е и потребата од безбедносни и одбранбени реформи, со цел вистинска модернизација и професионализација на Армијата на Република Македонија.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×