Владата преку еквити фондови ќе ги поддржува малите и средни фирми
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Преку три јавни повика со вкупно 645 милиони денари (10,5 милиони евра) Владата ќе го поддржува иновативниот и претприемачки дух кај микро, малите и средни претпријатија.

Дополнително, првпат државата по примерот на Израел ќе ги поддржи малите и средни претпријатија со што ќе стане нивни партнер и ќе учествува во нивната сопственост до 25%. За оваа намена веќе се обезбедени 50 милиони денари, а во владина постапка е релокација на уште 400 милиони денари неискористени средства со што за реализација на оваа мерка ќе бидат обезбедени вкупно 450 милиони денари.

„Тоа се т.н. еквити фондови. Кога компаниите се мали и ризични, државата детерминира средства во фондот и ќе влезе во нивниот капитал до 25% од сопственоста. Државата тоа ќе го направи согласно критериуми и проценка од страна на стручен тим кој ќе ја процени идејата за развој на бизнис“, појасни денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Дел од мерките за поддршка се и 30% поврат на средства за изградба на хали и набавка на опрема за брзорастечките компании т.н. газели, како и покривање на 70% од трошоците за развој на нов производ. Планирана е и поддршка за стручно усовршување за нововработените лица.

„Ги повикувам сите, а посебно младите, да ја препознаат оваа програма и силно да инвестираат. Да останат во нашата држава и да покажат капацитет на претприемништво, а државата ќе им биде партнер и ќе ги помогне со целиот свој капацитет“, рече Анѓушев.

Мерките се дел од среднорочната програма на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за периодот од 2018 до 2020 година, усвоена на последната владина седница.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски појасни дека условите што треба да ги исполнат компаниите кои ќе аплицираат се дефинирани за секоја мерка посебно.

Покрај сите овие мерки, обезбедени се и средства преку програмата за конкурентност, иновации и претпремништво што ја спроведува Министерството за економија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×