Владата со законски измени ќе овозможи брзо вработување на експерти за преговорите со ЕУ
Објавено на од во Економија

МанчевскиВладата ќе го подобрува капацитетот на јавната администрација и институциите за да може стручно да ги води пристапните преговори со Европската унија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, според кого во администрацијата нема доволно потребни стручни лица кои би можеле да го водат процесот на преговори со ЕУ.

“На почетокот на септември ќе бидат предложени неколку измени на законски решенија кои ќе овозможат брз влез на стучни лица во администрацијата со кои ќе го подобриме капацитетот на институциите за преговорите со ЕУ”, рече Манчевски.

Според него, администрацијата има капацитет да одговори на процесот на скрининг кој започна неодамна, но дека клучниот ризик е немањето доволно капацитет и експерт за процесот на водење на преговорите со ЕУ.

“Мораме брзо да регрутираме стручни луѓе кои ќе бидат вклучени и ќе знаат како да ги водат преговорите”, рече Манчевски.

Министерот Манчевски на денешната прес конференција најави отварање и нов портал за отворени податоци.
„Препознавме дека отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Тие може да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт. Ова ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Ќе го зголеми на учеството на граѓаните. Особено треба да се нагласи дека директно ќе влијае позитивно во напорите за борба против корупцијата. Исто така, со малку иновативност, дава можност за отворање и на нови бизниси. Наша главна заложба е да ги донесеме услугите до граѓаните. Тоа е многу полесно отколку да ги носиме граѓаните до услугите. Отворањето на податоците е еден од механизмите да го постигнеме тоа“, посочи Манчевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×